hotel Fontana 4*

20.03.2026 (Петок) СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
https://youtu.be/ld1kYZ3FokU (видео линк)
21.03.2026 (Сабота) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
22.03.2026 (Недела) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА ПО ЛИЦЕ СО ПОЈАДОК ДО ПОПОЛНУВАЊЕ: 149€/ 9.238ден
Редовна Цена по лице со Појадок: 169€/ 10.478ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби
– Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
– Исхрана на база 2 ноќевања со поjaдок
– Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
– Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
– Доплата за туристичка такса 3€/186ден вкупно за 2 ноќи (доплата во агенција);
– Факултативна посета на манастирот Жича 15€ (доплата на лице место)
Попусти :
– Намалување за сопствен превоз -20€/1.240мкд по патник


