Lukovska Banja-hotel Kopaonik

Луковска Бања со сместување во Хотел „Копаоник“ 3*. Опкружена со недопрена природа и позната по лековитата термо-минерална вода и чистиот планински воздух, оваа дестинација нуди пријатна атмосфера и одличен велнес центар – идеални услови за релаксација и празничен одмор.
Програма на патување:
1.Ден 20.03.2026 (петок) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот.  Вечера. Ноќевање.
2.Ден 21.03.2026 (сабота) ЛУКОВСКА БАЊА 
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на Здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река. Разгледот го продолжуваме со автобус до црквата Св. Мина и Етно Музејот (доколку временските услови се погодни). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 22.03.2026 (недела) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ 
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во договорено време со водичот на групата. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена за резервации до пополнување – 169€/10.478ден
Редовна цена на аранжманот – 189€/11.718ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено: 
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
Сместување во 1/2 соби во Хотел Копаоник 3*на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база сервирање сет мени)
– Користење на отворен и затворен базени со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C
– Користење на Велнес Центар (сауни, парна бања, солена соба, топли клупи – тепидариум)
– Користење на сала за забава и рекреација
– Туристичка такса
– Организација и реализација со туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Патничко и здравствено осигурување
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги)
Попусти и опционални доплати:
– Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
– Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената (на барање)
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.170ден