vila Eleni

Вила Елени се наога на околу 250 м од плажата. Располага со трокреветни студија лоцирани на првиот кат. Сите студија располагаат со кујна опремена со електричен шпорет, фрижидер и кујски прибор според бројот ка кревети, тоалет со бања, ТВ и тераса, опремена со маса и столици. Климата е вклучена во цената за сместување во термините во Јули и Август а за термините во Јуни и Септември за истата се доплаќа 5 еур. од ден, доколку се користи. WI-FI е вклучено во цената. Вилата располага со сопствен паркинг. Туристичката такса од 2 еур. на ден, се плаќа на лице место при сместување.

НАПОМЕНИ:

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);

* Туристичка такса се плаќа на сопственикот на вилата;

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;

* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари

* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 50 € возрасни (повратен билет), 40 € возрасни (eден правец)

* 40 € деца од 2 – 12 години(повратен билет), 35 € деца од 2 – 12 години(еден правец)

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)