vila Christina

Куќа “Christina” се наоѓа на супер местоположба, идеална локација, на само 30 метри од плажа, веднаш до ‘Filetakia Gyro’на почетокот на шеталиштето во Неа Флогита, кај паркингот на почетокот на шеталиштето.Во куќата располагаме со еден многу пространдуплекс апартман. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг пред вилата.

Дуплекс апартман број 1 (1/4 + 1) –  се наоѓа на прв кат. Има пространа голема тераса со страничен поглед море. Има одделена посебнаголема целосно опремена кујна, сопствен тоалет и малку постар, но сосема пристоен мебел, има 2 одвоени спални соби, во кои има по 2 стандардни кревета со можност да се додаде дополнително легло за дете до 12 год. или креветче за бебе.

  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА ДУПЛЕКСАПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во дуплекс апартман, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
  • ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ обележани со * не подлежат на попусти истите се непроменливи (за сопствен превоз цената не се намалува).
  • Во дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
  • Агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот во објектот.