vila Thanasis

Вила„ThanasisApartments“ ( ex – Bouzalis )е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на идеална локацијаво местото, прва линија море.Вилата располага со студија, апартмани и дуплекс апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани. Дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор кат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствени тоалети и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и сите потребни садови за готвење и јадење), комарници, телевизор, фен и клима уред чие користење е вклучено во цената. Опремени се со постелнина и пешкири кои се менуваат еднаш во текот на седум дена. Во непосредна близина имапаркинг простор, а место за паркинг има и на самата улица околу вилата.

- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН/ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во вонсезонските цени во дуплекс апартманбр 9, 16, 24 и 29 плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во вонсезонските цени во дуплекс апартман бр. 28, плаќаат минимум 6 лица | 7-мо и 8-мо лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ обележани со * не подлежат на попусти истите се непроменливи (за сопствен превоз цената не се намалува).
- Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
- Агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот во објектот.


