kuka Iguana
Куќа „Игуана“ е лоцирана близу игралиштето во Неа Потидеа. Оддалечена е 80 метриод плажа. Располага со четирикреветни апартмани во кој има спална соба со брачен – француски кревет и два единнечни стандардни кревета во делот каде што е комплетно опремена голема кујна, како и мезонети на две нивоа, во приземјето два софи и голема комплетно опремена кујна а на 1 кат две одвоени спални соби со по еден брачен – француски кревет и две големи тераси,ЛЦД ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет. Во собите нема пешкири како дел од опремата.



Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)
Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.
Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања.
За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.
Преземањето на собите е од 15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време.
Агенцијата не е одговорна за квалитетот на и нтернетот во објектот.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла
Туристичката такса која од лето 2025 година изнесува 2 еврa на ден се плаќа на самото место.
Превоз:
За возрасни 3,100 денари (50 евра)
За деца до 11,99 години 2.480 денари (40 евра)




