vila Aleksandros Garden

Вила Александрос се наоѓа на 400 метри, убав амбиент опкружен со бујно зеленило и бујни палми. Вила Александрос има две двoкреветни, три трокреветни и едно четирикреветно студио, се наоѓаат на приземјето, на првиот и вториот кат. Сите студиа се опремени со кујна, бања, телевизор и клима уред. Употребата на клима уред се наплаќа на самото место во износ од 5 евра дневно. 

Вилата не располага со сопствен паркинг, паркирање пред самата вила.

Студио бр.1 – двокреветно студио со брачен кревет, се наоѓа на приземје.

Студио бр.2 – трокреветно студио со три единечни кревети, се наоѓа на приземје.

Студио бр.8B – трокреветно студио со три единечни кревети, се наоѓа на 1 кат.

Студио бр.9 – четирикреветно студио со со брачен кревет и два единечни кревети, се наоѓа на 1 кат.

Студио бр.12 – двокреветно студио со два единечни кревети, се наоѓа на 2 кат.

Студио бр.13 – трокреветно студио со брачен кревет и еден единечен, се наоѓа на втор кревет.

20% ПОПУСТ ЗА ТЕРМИНИТЕ ОД 21.06. ДО 30.08. за  резервации до 31.03.2026 (минимум уплата од 50% и доплатa до 31.05.2026). Попустот не важи за термините со *.

Термините со * се цени по лице со вклучен превоз  ( за нив не важи РАН БУКИНГ попустот и нема попуст за два последователни термина, и да патувате со сопствен превоз не се одбива од цената по лице)

Во 1/2 и во 1/3 студијата плаќаат две лица цена по лице, во 1/4 апартманите плаќаат три лица цена по лице

ЦЕНИТЕ без * во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (40 EUR за дете 02 до 12 год.)