Zeus Paradise Hotel 4*
Zeus Paradise Hotel е модерен хотел со 4 ѕвезди, сместен во малото живописно место Амудија, на западниот брег на Јонското Море, помеѓу Парга и Превеза. Хотелот се наоѓа на само 50 метри од познатата песочна плажа и е совршен избор за семеен или паровски одмор. Со топла гостопримливост, одлична кујна и мирна атмосфера, нуди вистинско чувство на медитеранска релаксација.
Zeus Paradise располага со 42 модерни и комфорни соби, дел со поглед кон градина, дел кон базенот. Сите соби се климатизирани и опремени со: клима-уред, телевизор со рамен екран, мини фрижидер, приватен тоалет со туш или када, фен, гардеробер, сеф, балкон или тераса
Типови на соби:
– Double/Twin Room (околу 25m²) – два единечни или еден брачен кревет
– Triple Room (околу 25m²) – брачен + еден единечен кревет
Хотелот располага со уреден двор со базен со слатка вода, посебен базен за деца, лежалки и чадори, како и pool bar и ресторанот на отворено. На гостите им е достапен и ресторан со внатрешен простор, каде се служи богато шведско-маса мени за појадок и вечера. Плажата пред хотелот е песочна и плитка, со лежалки и чадори (со доплата), што ја прави идеална за семејства со деца.
Хотелот нуди полупансион (HB) – појадок и вечера на база на шведска маса. Оброците се разновидни, со комбинација на домашна и медитеранска кујна. Секојдневно се врши одржување на чистотата, а постелнината и пешкирите се менуваат редовно. Гостите во своите рецензии ја истакнуваат љубезноста на персоналот, чистите соби и убавата организација на плажата.
– Бесплатен паркинг и Wi-Fi, но агенцијата не одговара за неговиот квалитет.
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовните цени;
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА
Early Booking -10% за резервации со 50% уплата веднаш и 50% на 21 дена пред поаѓање
| Период | 1/2+1 Half Board |
|---|---|
| 26.05.2026 7 ноќи |
239 |
| 02.06.2026 7 ноќи |
269 |
| 09.06.2026 7 ноќи |
289 |
| 16.06.2026 7 ноќи |
399 |
| 23.06.2026 7 ноќи |
399 |
| 30.06.2026 7 ноќи |
399 |
| 07.07.2026 7 ноќи |
429 |
| 14.07.2026 7 ноќи |
459 |
| 21.07.2026 7 ноќи |
479 |
| 28.07.2026 7 ноќи |
479 |
| 04.08.2026 7 ноќи |
589 |
| 11.08.2026 7 ноќи |
539 |
| 18.08.2026 7 ноќи |
519 |
| 25.08.2026 7 ноќи |
479 |
| 01.09.2026 7 ноќи |
369 |
| 08.09.2026 7 ноќи |
359 |
| 15.09.2026 7 ноќи |
349 |
| 22.09.2026 7 ноќи |
289 |
Цените во табелата се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд


