vila Sandra
Куќа “Sandra” е лоцирана во новиот дел на Неа Флогита, на мирна локација, на најмногу 100 метри од плажа. Изградена е за лето 2026 и во куќата првите патници ќе престојуваат од 17.05. годинава. Располагаме со 2 високо квалитетни нови модерно опремени апартмани лоцирани на приземје. Секој апартман располага со комплетно опремена кујна, ТВ и сопствен тоалет. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Апартманите имаат по 2 големи сопствени тераси опремени со маса и столови. Гостите со сопствени возила може да се паркираат пред вилата. Апартманите се комплетно нови, пространи, идеални за најпробирливите патници.
1/2+2 апартман бр. 1 – приземје. Простран апартман кој располага со голема спална соба опремена со два единечни кревети кои може да се спојат по желба од која се излегува на сопствена тераса со поглед кон дворот. Располага со пространа дневна соба со целосно опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, голем шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ и клима уред. Во дневниот простор има голема гарнитура на пуштање за 2 поголеми деца или еден возрасен и дете до 12 години. Од дневна соба се излегува на втората пространа тераса која има поглед кон улицата напред. Апартманот има сопствено ново купатило со туш кабина.
1/2+2 апартман бр. 2 – приземје. Простран апартман кој располага со голема спална соба опремена со два единечни кревети кои може да се спојат по желба од која се излегува на сопствена тераса со поглед кон дворот. Располага со пространа дневна соба со целосно опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, голем шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ и клима уред. Во дневниот простор има голема гарнитура на пуштање за 2 поголеми деца или еден возрасен и дете до 12 години. Од дневна соба се излегува на втората пространа тераса која има поглед кон улицата напред. Апартманот има сопствено ново купатило со туш кабина.

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
Цените означени со * се ПРОМО цени, на истите не следува попуст и не се одбива превоз

Цените во табелата се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања без превоз

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
Цените означени со * се ПРОМО цени , на истите не следува попуст и не се одбива превоз
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по апартман
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
- Aгенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот во објектот



