vila Horizon, Afitos
Новоизградена куќа (мај 2025 година) во срцето на најубавото место на Халкидики, модерни студија со пространи широки терари и директен поглед на море, голем убаво уреден двор во зеленило со лежалки и друштвен дел, сопствен затворен паркинг. Посебна кујна која е одвоена од спалната соба, опремена со мини шпорет, кафемат, апарат за вода, тоалет со фен, пешкири и постелнина кои се менуваат во текот на престојот. Климa вклученa во цената.
Координати: 40.09640467885681, 23.438026438565107



Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)
Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.
Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања.
За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.
Преземањето на собите е од 15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време.
Агенцијата не е одговорна за квалитетот на и нтернетот во објектот.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла
Туристичката такса која од лето 2025 година изнесува 2 еврa на ден се плаќа на самото место.
Превоз:
За возрасни 3,100 денари (50 евра)
За деца до 11,99 години 2.480 денари (40 евра)




