хотел Albora 3+*

Положба: Хотелот се наоѓа на 1 километар од центарот на градот Кушадаси и на околу 1 километар оддалеченост од најпознатата плажа во Кушадаси, Ladies Beach.

Сместување: Хотелот располага со 50 соби. Секоја соба располага со клима уред, сопствена бања, фен, балкон (освен трокреветните соби), ТВ,телефон и бесплатна Wi-Fi конекција (агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот).

Услуга: Хотелот е на база HB(појадок и вечера – шведска маса – во главниот ресторан).

Услуги со доплата: Увозни пијалоци, свежо цедени сокови,сервис за перење алишта, билијард, користење на Спа центар ( турска бања и сауна) ,СПА третмани и масажи, пинг понг, телефон, сеф, шатл бус, водени спортови.

Содржини: Хотелот располага со прекрасен ресторан на покривот, lobby бар, базен на отворено, бар покрај базенот, услуги на медицински установи.

Цените се дадени по лице за 7 нокевања, на база полупансион (појадок и вечера), и превоз.

  • Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност 1 €=62 ден