хотел Ozka 3*

Положба: Сместен блиску до центарот на градот Кушадаси, хотелот Озка располага со прекрасен панорамски поглед над пристаништето, морето и осторовот Гулаб. Хотелот е оддалечен на еден километар од градската плажа и на 4 километри од плажата Ladies Beach.
Сместување: Хотелот Ozka располага со вкупно 62 соби.Сите соби располагаат со сопствен балкон (повеќето со поглед на море), сопствена бања (туш, тоалет,фен за коса), клима уред, ТВ, телефон, сеф, бесплатна Wi-Fi конекција (агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот)

Услуга: Хотелот е на база BB( појадок и ноќевање). Хотелот поседува со еден ресторан кој располага со затворен и отворен дел. Во овој ресторан гостите може да пробаат разновидни регионални и интернационални јадења. Хотелот исто така располага со два барови (Lobby Bar, Pool Bar)
Бесплатни услуги: користење на главниот ресторан за време на доручек и вечера, Wi-Fi конекција, паркинг, базен на отворено, лежалки и чадори покрај базенот, ТВ салон, сала за состаноци.
Услуги со доплата: Пијачки во баровите, лежалки и чадори на плажа, сеф, телефон, медицински услуги,водени спортови, хемиско чистење.
Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, два барови, паркинг, 24/7 рецепција,24/7 Lobby Bar, надворешен базен, детски базен, тераса за сончање.
Плажа: Хотелот е оддалечен на еден километар од градската плажа и на четири километри од плажата Ladies Beach.Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нејзината чиста вода. Во близина на плажата се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.

Цените се дадени по лице за 10 нокевања со појадок и превоз.

  • За дете до 5.99 години: (само превоз 60 еур).
    Второ дете: -20% попуст.
    За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.
  • Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност 1 €=62 ден

Напомена: Термините во табелите се однесуваат на термин за сместување во хотел
Поаѓањето е еден ден претходно .