hotel Kopsis-Pefkohori
Лоциран на сама плажа во Пефкохори, хотелот Kopsis Beach е на само 10-минути пешачење до центарот на Пефкохори, каде има голем број ресторани и продавници. Хотелот располага со 24 соби со поглед на заливот на Касандра и селото. Сите климатизирани простории на хотелот се опремени со сателитски ТВ , фрижидер и бесплатен Wi-Fi . Собите се светли и свежи. Хотелот нуди сместување со доручек и уживање во пијалоци во барот покрај базенот. Покрај големиот базен во склоп на хотелот, за помладите гости има расположлив посебен базен. Покрај тоа, хотелот располага и со приватен бесплатен паркинг. На плажата гостите може да си обезбедат лежалка и чадор.
Во цената не е вклучено:
– патнично осигурување
– туристичка такса 0,5 € по соба од ден
Напомени:
– уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)