vila “Zefyros”
Вила “ZEFYROS” се наоѓа на нај добрата лoкација во центарот на Неи Пори, веднаш до црквата и на само 20m од плажа. Располага со двокреветни и трокреветни студија (на I и II-кат), и дуплекс апартмани за 6 лица (на I и II-кат). Во двокреветните студија има две единечни легла, во трокреветните студија има еден брачен и еден единечен, додека во дуплекс апартманите во секоја спална има по еден брачен и еден единечен и одделна кујна. Секое студио/апартман е комплетно опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер.., тоалет, балкон со масичка и столчиња (повеќето од студијата се со поглед напред кон улица/море и имаат одделна кујна), клима, ТВ, гардеробер. Wi-Fi интернет – Бесплатен. Сите студија и апартмани на први и втори кат.
НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то и 6-то лице во дуплекс АПТ, БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
- – Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- – Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- – Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците веднаш пред вилата;
- – Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
- – Доплата за клима – 5€ од ден на лице место;
- – Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- – Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување – 150мкд / 300мкд за лица над 65 год.