hotel Panteon,Olimpic Beach
Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилно опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/2 – 1/3 – 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за тело, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ – LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТ.Студијата се на трети кат.
5 попуст за целосна уплата до 01.03.24 |
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
- – Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- – Доплата за клима – 7€ од ден (на рецепција);
- – Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување.