vila Fiori, Paralia

Вила “FIORI” е лоцирана на само 50m од песочната плажа во Паралија и на околу 200m од црквата. Располага со следната структура на студија: 1/2 (еко студио со брачен кревет, терасата е надвор од собата во ходникот) и 1/3 (еден брачен и еден единечен). Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет (туш кабина, фен), балкон (масичка со столчиња) клима, ТВ, гардеробер. Некои од студијата имаат страничен поглед кон море. Вилата е со одличен квалитет на сместување, максимално чиста, комфортини студиа. Вилата има и ЛИФТ. Wi-Fi интернет – Бесплатен.

    

НАПОМЕНА

      • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
      •  Цените  без * се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување
      •  Цените со * се дадени за наем на Студио за 7 ноки
      •  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
      •  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
      • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
      • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
      •  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
      •   Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
      •  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

      ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 

      • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
      • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
      • –  Доплата за туристичка такса  2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција);
      • –  Доплата за клима – 7€ од ден (на рецепција);
      • –  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
      • –  Доплата за патничко осигурување.