hotel Calypso, Hanioti
3* хотел “Calypso” е лоциран на главниот влез во Ханиоти, односно на 50m од плоштадот, опкружен до многуте барови, ресторани, продавници и на околу 150m од плажа. Хотел “Calypso” е декориран со традиционална грчка архитектура што го прави најдобар и најкаракеристичен хотел во Ханиоти. Со својот уникатен стил и удобности, Хотел “Calypso” Ви нуди чувство на приватност и релаксација…
Хотелски соджини: располага со 77 хотелски соби, од кои 60 Standard и 17 Superior или вкупно 170 легла. Собите се наоѓаат на високо приземје, први и втори кат, базен со две нивоа на длабочина, со лежалки и чадори, лоби бар покрај базенот со голем избор на пијалоци, ресторан во кој се служи појадокот, рецепција со лоби бар, Wi-Fi интернет (на рецепција)…
Хотелско сместување: Standard собите се состојат од 2 редовни легла, а додека Superior собите имаат 3 редовни легла. Секоја од собите е опремена со мини фрижидер, клима, купатило со фен, крпи за раце и тело, TV, гардеробер, телефон, тераса со масичка и столчиња со поглед кон шеталиште, базен или море…
Хотелски услуги: Појадок, (шведска маса), во ресторанот на хотелот. Чистењето на собите е секојдневно, менување на постелнина и крпи на 3 дена.
Максимално сместување: 2 возрасни и 2 деца (1-во дете до 12 год. / 2-ро дете до 6 год.) или 3 возрасни лица.
.