вила Јulija

Вилата  е сосема сигурно еден од најубавите објекти за сместување во Сивота. Нејзината локација која е во близина на главното шеталиште и на малата марина, добро опремените студија, убавиот голем двор со ѕидана скара, маса и столици кои можат да ги користат гостите и нејзината околина, сосема сигурно и визуелно ја издвојуваат од повеќето куќи во непосредната близина. Можноста за убав и пријатен одмор во прекрасната природна околина, е дополнително зголемена со одличниот сервис кој го нуди персоналот на споменатиот објект.

– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.