vila Mathina, Parga

Villa Mathina  е убава куќа, лоцирана на десната страна на Парга во близина на патеката која води кон големата плажа Валтос. Во својот состав таа брои неколку студија кои се опремени со соодветен мебел, Wi-Fi, тоалет, мини кујна, ТВ и клима уред, како и балкони со поглед кон градот. Нивната уреденост и локација, како и одличниот сервис на домаќините, го издвојуваат како одличен објект за сместување при престојот во прекрасната и единствена Парга. Вилата има убаво уреден двор со ѕидана скара, маси и столици.

Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 или 9 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).


ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
– Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

– Употребата на клима уред  се доплатува во oбјектот…..7eur на ден

** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување.

 -Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
 -Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
 – Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот.
– Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
 Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.)