vila Philoxenia, Vrahos
Villa Philoxenia се состои од два објекта кои се наоѓаат во близина на плажата од левата страна на Врахос, гледано во правец кон Превеза и Лефкада. Вниманието на гостите го привлекува со нејзиниот современ изглед, пространиот и со зеленило збогатен двор, како и со убаво уредените единици за сместување. Сите единици се карактеризираат со посебни спални соби, дневни соби до каучи на отворање, мини кујни, тоалет и балкони со гарнитури за седење. Близината до големата плажа, како и до останатите содржини во ова попознато туристичко место, вилата Филоксенија ја издвојуваат како квалитетен објект за престој во текот на летната сезона. Евентуалната потреба за паркинг е можна во непосредна близина на објектот.
Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
* Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Доплата за туристичка такса 1.5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Употребата на клима уред се доплатува во oбјектот…..7eur на ден
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување.
Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.)