vila Rigas,Nidri
RIGAS Apartments е одличен објект, лоциран во првата линија на Нидри. Од едната страна достапен преку главната улица во Нидри, а од другата страна со само триесет метри оддалеченост од убавата плажа, Ригас сосема сигурно ќе го заслужи вашето внимание. Во својот состав брои неколку студија за сместување и повеќе соби кои нудат хотелски тип на сместување. Исклучително добро организираниот сервис, како и близината до градските и летните содржини, овој објект го прават наинтересен во овогодишната понуда за Лефкада. Студијата се воглавно двокреветни или со помошно легло, а опремени се со сопствена мини кујна, ТВ, клима, тоалет и балкон.
* Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)
За употреба на клима уред (ac*) во SPIROS и RIGAS се доплатува во објектот (каде што е достапен)
Употребата на клима уред во MARGARITI и ARGIRO е бесплатна (каде што е достапен),
* Собите во ARGIRO располагаат со “чајна” кујна, за готвење гостите користат заедничка кујна, и истата е бесплатна,
Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во соба или студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Цена на повратен автобуски превоз: 55 EUR (40 EUR за дете 02 до 12 год.)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 00:30 ч. (паркинг спроти хотеl Holiday Inn”)
– Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Градско, во 01:10 ч. (патарина Градско)
– Росоман, во 01:20 ч. (БП Црна Река петрол 1)
– Прилеп, во 02:15 ч. (БП Лукоил)
– Битола, во 03:15 ч. (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција: Истиот ден попладне
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.Корисни информации:
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој објект (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 €.
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%