vila Maggas, Nei Pori

Villa Maggas се наоѓа на околу 150 метри од големата и песочна плажа во Неи Пори, во мал и убаво уреден двор веднаш до вилата Анастасиос. Нејзината организираност, како и тивката атмосфера за време на престојот, се идеални карактеристики за мирен и убав одмор. Студијата и апартманите во вилата се изградени на високо приземје и кат и истите се сосема прилагодени за сместување на семејства со помали деца. Во нејзината непосредна близина се наоѓаат и два мини маркети, пекара и неколку ресторани. Вилата располага со стандарден Wi-Fi интернет, а паркингот за приватните возила е можен на самата улица пред објектот.

Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
* Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.


ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
– Доплата за туристичка такса 1.5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

– Употребата на клима уредoт е бесплатна.

** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување.

 -Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
 -Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
 – Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот.
-За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
– Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
 Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)