vila Dima, Leptokarija
Попрецизно, студијата Dima се наоѓаат на високото приземје од истоимениот објект и на само триесетина метри од градската плажа и променадата на Лептокарија. Нивната локација како и квалитетната опременост, се добар мотив за ваш избор при одлуката за реализирање на летниот одмор во Лептокарија. Освен со современ мебел, студијата се опремени и со сите потребни апарати, тв и клима уреди, како и пространи тераси за комфорен престој во текот на летниот одмор. Сервисот на гостите, за кој се грижи рецепцијата на блискиот хотел Olympos, е само дополнитена гаранција за квалитетно сместување и добар летен одмор. Паркирањето е можно, на улиците во близината на објектот.
Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз) и се изразини во евра (1еур=62ден.).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Употребата на клима уредoт е бесплатна.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување.
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)