вила “Apolo”

Овој објект е лоциран во самиот центар на познатото место Кавос, кое пак се наоѓа на јужниот дел од островото Крф. Неговата непосредна близина до гратската песочна плажа, како и до бројните објети за забава и набавка на сите потребни услуги за туристите, го издвојува како одличен избор за престој во актуелниот и забавен Кавос. Во својот состав има повеќе двокреветни и трокреветни студија, како и неколку апартмани. Сите единици се опремени со квалитетен ентериер, мини кујна, ТВ, тоалет и балкон со поглед кон дворот или кон градската улица. За своите гости, објектот располага и со WiFi интернет.

– Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз).
– Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидeниот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години.
– За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектот (каде што е достапен).
– За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
– Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата).
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
– Задолжително патничко осигурување (за лица од 65 год.)
– Доплата за превоз (за корисници на аранжмани): возрасни 70 € ; деца од 2 до 12 год. 50 € (автобус и брод)