hotel Ariti

Хотелот Арити се наоѓа на само 200 метри од песочната плажа на Паралија, наспроти паркот со фонтани и објекти за забава, а во непосредна близина се наоѓа и маркетот ЛИДЛ. Располага со 30 соби, рецепција и кафетерија, во која гостите можат бесплатно да користат безжичен интернет. Собите се опремени со САТ ТВ, клима уред, телефон, како и мини-кујна со основен прибор, сопствен тоалет и тераса (користењето на клима уредот се наплаќа на лице место). Поради завидната локација, комбинацијата на сместување со опремена кујна и хотелска услуга, како и одличната цена го прават овој хотел традиционално чест избор за летување на голем број туристи.

Детален опис на собите:
Двокреветни студија со 2 единечни кревети или 1 дупли кревет во склоп на кујната.
Трокреветни студија со 1 дупли кревет и еден единечен или 3 единечни кревети во склоп на кујната.
Двоспален апартман со две затворени спални, една со 2 единечни кревети и една со 2 дупли кревети одвоени со кујна.

Во цената е вклучено:

– наем на студио за 7 ноќи
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

Во цената не е вклучено:
– патничко осигурување
– туристичка такса 1,5 € по соба од ден

Напомени:
– уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)

-Организатпрпт не oдгoвара за квалитетoт на интернетoт.
-Собите се превземаат во 14:00 часот, а  се напуштаат до 09:00 часот.

Превоз (повратно):
– деца до 1,99 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 12 години:30 €
– возрасни: 45 €