vila Mythos, Kalitea

Vila Mythos

Комплетно нов објект со капацитет од 20-тина соби распоредени на 3 нивоа: приземје, прв и втор спрат. Секоја од собите е модерно уредена, со сопствена комплетно опремена мини кујна, телевизор со рамен екран, клима уред, тераса и купатило. Вила Митос на своите гости исто така им нуди и бесплатен безжичен интернет. Објектот се наоѓа во мирниот дел, на околу стотина метри оддалеченост од познатото и живо шеталиште во идиличното место Калитеа.
Вид на соби:
– студио двокреветно, трокреветно и четворокреветно: 2, 3 или 4 кревети во иста просторија со кујна
– апартман со 1 спална: две простории со по 2-3 кревети (кујната е во склоп на едната просторија)
– апартман со 2 спални: три простории со по 2 кревети (кујната е во склоп на едната просторија)

Во цената е вклучено:
– 7 ноќевања во студио по лице (мин. 2 лица во студио / мин. 4 лица во апартман)
– повратен превоз

Во цената не е вклучено:
– патничко осигурување
– туристичка такса 0,5 € по соба од ден

Попусти:
– деца до 2 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 6 години: само превоз 25 €
– деца од 6 до 14 години: 70% попуст (мин. 35 €)
– трето лице во двокреветна соба и петто/шесто лице во апартман (1спална) /апартман (2 спални): 50% попуст (мин. 35 €)
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

Само превоз (повратно):
– деца до 2 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 12 години: 25 €
– возрасни: 35 €

– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

Напомени:
– уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)

Автобуски превоз – време и место на поаѓање: 
04:30 Кочани – автобуска станица
05:00 Скопје – пред агенцијата
05:00 Штип – пред новата пошта
05:45 Велес – бензиска станица на автопатот Е75 – мотел Македонија
06:00 Струмица – спроти Хотел Глигоров
06:15 Неготино – бензиска станица на автопатот Е75
06:30 Валандово – бензиска станица на излез од градот кон Гевгелија
07:00 Граничен премин Богородица – бензиска станица пред преминот