vila Elektra, Pefkohori

Villa Elektra се наоѓа веднаш до градската црква во центарот на Пефкохори. Сместена во помирниот дел од ова туристичко место, таа се наоѓа и на оддалеченст од околу 350 метри од градската плажа и мноштвото објекти за забава и одмор. Во својот состав вбројува повеќе двокреветни и трокреветни студија, сите опремени со мини кујна, тоалет, тераса, како и ТВ и клима уред. За гостите во вилата е овозможен и WiFi интернет. Овој објект е особено интересен за сместување на помлади гости, кои во текот на летото преферираат близина до туристичките објекти за провод и забава.

  • Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
    Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
    * Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.


    ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
    – Доплата за туристичка такса 1.5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

    – Употребата на клима уред  е со доплата од 5еур на ден.

    ** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
    – Задолжително е патничко осигурување.

     -Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
     -Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
     – Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот.
    -За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
    – Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
    АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
     Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)