Нова Година во Париз

30.декември (сабота)                        СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот “Александар Велики” во 15:45 часот. Полетување за Париз во 17:45 ч. Пристигнување во Париз на аеродромот Боувез во 20:50 часот. Трансфер и сместување во хотел. Сободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
31.декември (недела)                       ПАРИЗ – ЛУВР
Појадок. Панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… слободно време за индивидулани активности и прошетки, или полудневен факултативен излет до најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа Nike” од Самотраки, Сплавот на медузата… како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд, каде традиционално се дочекува Новата Година. Евентуална можност за идивидуална прослава на Новогодишната ноќ, во некое од париските кабареа (само со претходно направена резервација). Ноќевање.
01.јануари (понеделник)                  ПАРИЗ
Појадок. Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт,Луксембуршките градиниили уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа најубавиот поглед на Париз… прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Попладнето, факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената можност да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула, продолжува со вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасни звуци на француската шансона, додека се набљудува ноќната панорама на градот. Ноќевање.
02.јануари (вторник)                         ПАРИЗ – ВЕРСАЈ
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило.Слободно време за шопинг низ познатата улица Риволи, галеријата “Lafayette”.  Враќање во хотел со метро.Трансфер до аеродромот “Боубез” во 16:30ч. Лет за Скопје преку Загреб во 21:20 ч. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

 Цена на аранжманот:             459 €     (28.460 мкд)
Цена во претпродажба:         429 €      (26.600 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
– Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје (“Wizz Air”)
– Аеродромски такси
– Голема кабинска торба (55x40x23)максимум 10 кг.
– Организирани трансфери со автобус во Париз: аеродром-хотел-аеродром
– Сместување во хотел “Ibis La Defense Centre” ***, на база 3 ноќевања со појадок 
Hotel “Ibis La Defense” се наоѓа во модерниот кварт “La Defance”, во близина на метро или на само неколку минути од центарот на градот
– Организиран панорамски разглед на Париз
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Едно парче рачен багаж со максимум димензии од 55x40x23 сантиметри и максимум тежина од 10 килограми
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Задолжително Патничко осигурување: 180,00 мкд
– Посета со влезница за музејот Лувр: (12 )
– Посета со влезница за Ајфелова кула: (14 )
– Факултативно крстарење по Сена (13 €)
– Посетата на Версајпревоз, водич и влезница(5)*резервација и уплата при продажба
– Превоз со метро
– Eдно парче чекиран багаж од 2650мкд по правец
НАПОМЕНИ:
– Цените се изразени во евра (EUR), за уплата во денарска противвредност (MKD)
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници