Нова Година во Истанбул(автобус)
29.декември (петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.
30.декември (сабота) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим,Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата… завршеток со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), можност за посета и на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ – најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
31.декември (недела) ИСТАНБУЛ – ПАЛАТИТЕ ДОЛМА БАХЧЕ и ТОП КАПИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативна посета на најпознатите палати во Истанбул. Долма Бахче Сарај – првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк. Денес е национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатство. Палатата Топ Капи – некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II. Денес е музеј во кој се наоѓа и мечот нa прорoкот Мухамед. Вечерта, факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан, со богато мени и културно-уметничка програма. Ноќевање.
01.јануари (понеделник) ИСТАНБУЛ – БОСФОР – СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор и панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Пловење под мостовите над Босфор, кои ги поврзуваат копната на континентите Европа и Азија, Попладне заминување кон Македонија. Патот води преку Грција. Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 109 € (6.760 мкд)
Цена во претпродажба: 99 € (6.140 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во Истанбул, во хотел ***, на база 2 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Истанбул
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна посета на Долма Бахче Сарај и Топ Капи, со водич и влезници (35 €)
– Факултативна Новогодишна вечера во ресторан со уметничка програма (70 €)
– Факултативно крстарење по Босфор со водич (20 €)
– Влезници за музеи, палати и културно историски споменици
– Патничко здравствено осигурување (164 мкд)
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници