Nova Godina vo Atina (2 nokevanja)
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевања
29.декември (петок) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
30.декември (сабота) АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Вечерта, можност за вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
31.декември (недела) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во доцните попладневни часови. Вечерта индивидуално присуство на Новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма“ или пак факултативно – можност за вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна.
01.јануари (понеделник) АТИНА – СУНИОН – ПИРЕА
Појадок. Заминување од хотелот и Атина, со претпладневна прошетка покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени… рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Во враќање посета на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини. Заминување кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 145 € (8.990,00 мкд) *** со вклучени 2 разгледи
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Организиран разглед Сунион – Пиреа
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезница за Акропол околу 12€
– Влезници за Микена и Епидаурус, околу 12€
– Туристичка такса 1,5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
– Доплата за еднокреветна соба +50€
– Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан €
– Факултативна вечера во национален ресторан €
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €
– Патничко здраствено осигуривање
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.