Нова Година во Венеција
29.декември (петок) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во Скопје, на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во14:30 часот. Поаѓање за Венеција во 15:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни застанувања иодмори.
30.декември (сабота) ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Во претпладневните часови, пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло. Превоз со брод “Вапорето” (*) до централниот плоштад на Венеција. Разглед на градот со прошетка до плоштадот и црквата Св.Марко, Прокуратите, градскиот часовник, Венецијанската кула, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални активности и посети. Враќање во Лидо Ди Јесоло и сместување во хотел, во попладневните часови. Ноќевање.
31.декември (недела) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – ЛАГО ДИ ГАРДА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност за факултативен излет до Верона (градот на Ромео и Јулија), со разглед на плоштадите Ербе, Данте и Бра, Големата арена, куќата на Јулија… Во продолжение, посета на местото Сирмионе покрај езерото Гарда и тамошниот замок на семејствто Скалиѓери. Вечерта, можност за дочек на Новата година на плоштадите во Лидо Ди Јесоло или во Венеција (со користење на индивидуален јавен превоз). Факултативно – Новогодишна вечера во локален ресторан со музика. Ноќевање.
01.јануари (понеделник) ВЕНЕЦИЈА – ЉУБЉАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот. Патот води преку Словенија, со попатна посета и краток одмор во Љубљана. Продолжување на патувањето кон Македонија, преку Хрватска и Србија. Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопјево раните утрински часови.
Цена на аранжманот: наскоро
Цена во претпродажба: наскоро
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
– Сместување во хотел ***, во околина на Венеција (Лидо Ди Јесоло), на база 2 ноќевања со појадок.
– Панорамски разглед на Венеција и Верона.
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
– Патничко здравствено осигурување
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– (*) Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабионе – Венеција (15 €)
– Факултативен излет до Верона и Лаго Ди Гарда (25 €)
– Туристичка такса по лице (2 € за две ноќевања), се плаќа индивидуално на рецепцијата во хотелот
– Влезници за музеите и културно-историските споменици.
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници