Нова Година во Солун и Метеори

30.декември (сабота)                   СКОПЈЕ – СОЛУН – ЛЕПТОКАРИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 06:30 часот. Поаѓање за Грција во 07:00 ч. Влез во Грција кај граничниот премин Богородица-Евзони. Пристигнување во Солун и панорамски разглед на градот: Виа Игнатиа, Црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, Римскиот форум, црквите Ротонда и Св.Софија, плоштадот Аристотелис и Белата Кула, Археолошкиот и Византискиот музеј… Патувањето продолжува кон Лептокарија, пристигнување во Лептокарија во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време за инфивидуални активноси. Ноќевање.

31.декември (недела)                   МЕТЕОРИ
Појадок. Целодневен факултативен излет до манастирите Метеори, со посета на еден од многуте средновековни манастири изградени на високи камени карпи над гратчето Каламбака. Единствената местоположба на оваа монашка заедница, ни овозможува ретко каде да ја почуствуваме силната посветеност кон бога, на монасите и испосниците кои низ вековите во Метерои ја пронаоѓале својата цел. При враќањето попатна посета на малата карпеста црква Агиа Параскеви (Св.Петка), изградена во клисурата Темби. Враќање во хотел. Навечер можност за дочек на Новата година факултативно со вечера во грчка таверна, со богато мени и уметничка програма. Ноќевање

01.јануари (понеделник)                ЛЕПТОКАРИЈА – ЛИТОХОРО – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови заминување кон Скопје со попатна посета на живописното гратче Литохоро кое се наоѓа во подножјето на планината Олимп. Во попладневните часови патувањето продолжува кон граничниот премин Евзони-Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


Цена на аранжманот:   79 €    (4.900 мкд)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:    
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел ***,  2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи на Солун и Литохоро
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:     
– Влезници за музеите и културно-историските споменици.
– Факултативна Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма (60 €)
– Факултативен излет до Метеори (10 €)
– Патничко здравствено осигурување (129 мкд)
 
НАПОМЕНИ:               
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници