Нова Година и одмор на островот Пукет – Тајланд
TАЈЛАНД
ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА И ОДМОР НА ОСТРОВОТ ПУКЕТ
11 дена / 9 ноќевања (АВИОН) 28.12.2017
Тајланд е земја која се наоѓа зад магичното огледало, која е сосема поинаква од нашата реалност, прекрасна во својата разноликост, бојата, мирисот и страстa …Народот, природата, храната, преставува посебно доживување под тропското небо. Таму се цвета со посебен сјај кој се памети многу долго. Тајланд се наоѓа во централниот дел на Индокина и граничи со Малезија, Камбоџа, Лаос и Мјанмар. Исто така позната е како земја на орхидеи, мистични реки, тропски шуми и прекрасни Будистички храмови како и пријателски расположени и насмеани луѓе. PHUKET – Некогаш изолиран и малку населен остров, Пукет бргу прераснува во модерна и луксузна туристичка дестинација која е денес посетена од огромен број на туристи од целиот свет. Овој тропски рај е вистинско место за љубителите на песочни плажи, чисто и топло море и богат природен диверзитет. Покрај изобилството на убави плажи, море и сонце, Пукет нуди и други интересни вредности како будистички храмови, живописни локални места, ресторани, забава и богат ноќен живот. Климата на островот е тропска со висока температури во текот на целата година и висока влажност во воздухот. Ова незборавно, лесно патување ќе ви донесе многу интересни информации, забава и уживање, кои ќе ви останат во трајни спомени.
SEAVIEW PATONG HOTEL, PHUKET TAJLAND
SEAVIEW PATONG HOTEL е лоциран на 40 км од аердромот во Пукет, и 15 км од центарот на Пукет, во непосредена близина до плажата, доволно далеку од метежот и вревата за да уживате во тропскиот одмор, како и фантастично место за цело семејство. Постојат многу работи кои што може да се направат во Seaview Patong Hotel можете да уживате покрај убавиот базен, да ја вкусите традиционална храна, или пак да уживате во познатата тајландска масажа во спа и фитнес центар. Искористете ги деновите за да се релаксирате под сонцето, со многу бројни вкусни пијачки, а истотака можете да ја дегустирате лоакалната и интернационална кујна во ресторанот кој се наоѓа покрај базенот. Samunprai Spa ви нуди прекрасни масажи и третамни за релаксиран одмор. Хотелот истотака нуди 2 отворени базени за возрасни и еден за деца, салон са убавина, wifi, доктор( со повик.). Хотелот располага со соби кој што се дизајнирани според тајландскиот стил, со топли бои и дрвен мебел. Удобни соби и апартмани со квалитетни душеци за мирен сон, приватни балкони и бањи со кади и тушеви.
Програма на патување:
1 ДЕН (28.12.2017 – четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ПУКЕТ
Состанок на патниците нa аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во 07:00 часот. Полетување за Истанбул во 09:15 часот со лет ТК1004. Пристигнување во Истанбул во 12:50 часот. Полетување за Пукет во 14:45 часот со лет ТК172.
2 ДЕН (29.12.2017 – 30.12.2017 – петок – сабота) ПУКЕТ
Пристигнување во Пукет во 04.00 часот ( локално време). По завршување на пасосшка и царинска контрола, трансфер до хотелот. Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа или за индивидуални разгледи.
4 ДЕН (31.12.2018 – недела) ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден, време за одмор и индивидуални активности. Дочек на Нова Година, задолжителна новогодишна вечера. Можност после прославата за индивидуална прослава во околните барови и дискотеки. Ноќевање.
5-10 ДЕН (01.01.2018 – 06.01.2018 понеделник – сабота) ПУКЕТ
Појадок. Слободно време – Пливање, масажи, убави плажи, бел песок, тиркизни, топли води, феноменален зајдисонца и екскурзии до блиските острови, ќе направи да се чувствувате како небото. Време резервирано исклучиво за уживање! Невообичаениот ноќен живот е сцена како од најлудите филмови! Можност за организирање на факултативни екскурзии: Полудневн разглед на Пукет, посета на островот Pi Pi во провинцијата Краби, Pang Nga област на островот познатат kako “Џејмс Бонд”, посета на кабаре шоу… Ноќевање
11 ДЕН (07.01.2018 – недела) ПУКЕТ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Напуштање на собите по полноќ и трансфер до аеродром за летот на TK173 во 05:30 со лет за Истанбул. Пристигнување во Истанбул на 07 Јануари во 12:35. Заминување за Скопје со лет ТК 1005 во 20:10, пристигнување во Скопје во 19:40 часот.
Цената влучува:
- Авионски превоз Скопје – Пукет – Скопје
- 9 ноќевања во SEAVIEW PATONG HOTEL 4*на база ноќевање со појадок
- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Техничко водство / Пратител на групата
Цената не вклучува:
- Аеродромски такси во висина од 357 еур
- Задолжителна Новогодишна вечера – 110 еур
- Влезна виза за Тајланд (потребни се 2фотографии, пасош и 85€);
- Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
- Задолжително патничко осигурување и Факултативни излети
Забелешки:
Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
Во случај на помал број од 20 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи промена
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
- Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
- Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето