Нова 2022 Година во БУДИМПЕШТА

 

Цена на аранжманот  139 евра по лице/  8.620 денари

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО :

Автобуска програма (30.12 – 02.01.2022) 

30.12.2021 (Четврток) Скопје – Будимпешта

Состанок на групата на Дрво Декор во  16.00час. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија.  Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

 31.12.2021 (Петок) Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта. Оставање на куферите во хотел. Факултативен разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот враќање во хотел.

Слободно време за одмор.

Вечерта Дочек на Новата 2022 Година на некој од плоштадите во Будимпешта.

Ноќевање.

 01.01.2022 (Сабота) Будимпешта -Сент Андреа

Појадокот. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење и  вечера во национален ресторан Чарда. Ноќевање.  

02.01.2022 (Недела) Будимпешта-Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Прошетка на градот по познатата улица Ваци. По прошетката посета на шопинг центар Арена и во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Ноќно возење.

03.01.222 (Понеделник) Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Посета на познатата улица Ваци и трговскиот центар Арена
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен разглед на градот со локален водич (10 еур)
  • Факултативно крстарење по Дунав ( 15 еур)
  • Факултативна посета на Сент Андреа (15 еур)
  • Факултативна вечера во национален ресторан (30 еур)
  • Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За реализација на факултативите потребно е да се пријават минимум 25 патници
  • За Унгарија може да се патува со сертификат за вакцинација (признаени се сите вакцини) или со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа)
  • За враќање во Македонија, за лица над 18год. потребно е да приложат сертификат за вакцинација: негативен антиген или ПЦР тест.