Нова 2022 Година во СОФИЈА

Цена на аранжманот 85 евра по лице/ 5270 денари

ПРОГРАМА 31.12-02.01

31.12.2021 (Петок)

Поаѓање за Софија во 06:00. Попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Софија. Организиран разглед на градот со локален водич (градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата…. Сместување во хотел.

Во вечерните часови, организиранаНовогодишна забава во дискотека – (факултативно).

Ноќевање.

01.01.2022 (Сабота)

Доцен појадок. Слободно време за индивидуални прошетки.

Вечерта- факултативно прослава, забава во механа.

Ноќевање.

 02.01.2022 (Недела)

Појадок.Одјавување од хотелот во 10:30 часот.

Организирана посета за шопинг на PARADISE CENTER, IKEA, RING MАLL и DECATHLON.

Во 17:00 часот поаѓање за Скопје.

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

–Превозсовисоко туристичкиавтобус,

– Разглед со локален водич,

– 2 ноќевања со појадокво хотел 3*

–Организиранапосетана PARADISE CENTER, IKEA и RING MАLL,

–Придружникорганизацијанапатувањето

Цената не вклучува:

–Патничкоосигурување

– Доплата за еднокреветна соба

– Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања

– Дочек на Нова Година во Дискотека

– Забава во механа 01.01.2022

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Задолжително за влез во Бугарија е потребно да поседувате сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат на прележано болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).
  • За влез назад во Македонија за лица над 18години е потребно сертификат за вакцинација, документ за прележаност до 45 дена, пцр тест или антигенски тест.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето