Zlatibor
1 ДЕН: 10.11.2024 ( Четврток )
Состанок со групата во 22.30 час, поаѓање од Скопје во 23.00 час, 23.30 час. – Куманово. Се патува преку граничен премин Табановце, само со лична карта, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН:11.11 .2024( Петок )
Пристигнување во Златибор во утринските часови. Посета на Сирогојно– посета на музејот на отворено “ Старо село “ и специјаната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато по целиот свет, после посетата на Сирогојно се упатуваме кон Стопиќа Пештера – една од најпознатите пештери во Србија, таа е речна пештера, бидејќи низ неа протекува Трнавски Поток. Пештерата има импресивен влез на отворот кој е широк 35 метри и висок 18 метри. Во пладневните часови поаѓање за Златибор – сместување во апартмани 1 категорија, во строгиот центар, срцето на Златибор. Вечера. Ноќевање.
3 ДЕН: 12.11.2024 ( Сабота )
Појадок. После појадокот факултативна посета на Ел Пасо – Тематскиот парк Ел Пасо Сити го добил името по истоимениот пограничен град во Соединетите Американски Држави. Исто како што реката Рио Гранде ја формира природната граница меѓу САД и Мексико, реката што тече низ комплексот Ел Пасо Сити на Златибор ги дели двете тематски целини на американски и српски дел.Во исто време, ова место e средба на две култури. Од едната страна на реката има каубојски град и индијанско село, додека на другиот брег има српски дел со црква и слаткото село Златибор. Поминувајќи низ градот Ел Пасо, ќе доживеете две различни клими во ист временски период од 1865 до 1890 година, но во различни делови на светот. Во договорено време враќање за Златибор. Вечера. Ноќевање.
4 ДЕН: 13.11.2024 ( Недела )
Појадок. После појадокот слободно време за рекреација и индивидуални активности или факултативна посета на ски центарот Торник, кој од Златибор е поврзан со Гондола – најмодената и најдолга воздушна траса на Балканот – долга 9 км., гондолата има 72 посебни кабини за по 10 патници. Возењето во Гондолата ќе Ви пружи 25 минутно уживање со неверојатен поглед на живописните пејсажи на Златибор и Рибарското Езеро. Враќање во Златибор до 13.30 час. Поаѓање за Македонија во 14.00 час. Пристигнување во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 139€ ( по лице )
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 € ( по лице )
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 2 ноќевања во Златибор
- Апартманско сместување – 1 категорија ( секоја соба со сопствено купатило, ТВ, греење, WI-FI) – во центарот на Златибор
- Полу пансион ( појадок и вечера ) во ресторанот на апартманите.
- Посета на Сирогојно
- Автобуски превоз до наведената релација
- Туристички придружник во текот на целото патување.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезница за Музејот на отворено “ Старо село “ – Сирогојно – 2€.
- Влезница за Стопиќа Пештера – 3€
- Билет за Гондолата – 13€ ( факултативно )
- Посета на Ел Пасо – 15€ ( факлултативно )
- Туристичка такса – 1.50 € од ден, се плаќа на лице место.
- Патничко – здравствено осигурување ( не е задожително )
НАПОМЕНА:
- За сопствен превоз се намалува 20€ од цената.
- За деца од 0-1,99 год – гратис ( без седиште во автобус.
- За деца од 2 – 9,99 год – 30 % – ПОПУСТ – од цената
- За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници.
- Редоследот на факултативите агенцијата има право да ги измени доколку тоа е во интерес на патниците.