Пролом Бања- хотел RADAN

Пролом Бања – една од најпознатите велнес дестинации во регионот. Сместена на падините на планината Радан, бањата е препознатлива по лековитата Пролом вода, чистиот планински воздух и мирната атмосфера, нудејќи совршени услови за релаксација и обновување на телото и духот.
Програма на патување:
1.Ден 20.03.2026 (петок) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 21.03.2026 (сабота) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера. Ноќевање.
3.Ден  22.03.2026 (недела) ПРОЛОМ БАЊА 
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10 часот заминување на организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе.  Враќање во хотел. Заминување кон Македонија во пладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
ПРОМО цена за резервации до пополнување – 169€/10.478ден
Редовна цена на аранжманот – 189€/11.718ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено: 
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел Радан 3* во 1/2 соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
– Користење на услугите од Велнес Центар: затворен базен со Пролом вода, отворено – затворен базен со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум
– Користење теретана и фитнес сала
– Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо)
– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
– Туристичка такса
– Организација и реализација со туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Патничко и здравствено осигурување (индивидуално)
– Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница – 5€ (доплата на лице место)
Попусти и опционални доплати:
– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање)
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден