vila Vrahos Beach

Вила ВРАХОС Бич се наоѓа во централниот дел, на 50 метри од плажа. Вилата располага со трикреветни апартмани, лоцирани на високо приземје, со комплетно опремена кујна, балкон, сопствен тоалет, WI-FI, ТВ, клима (се доплаќа 10 евра на ден)пешкири и постелнина се менува 1 до 2 пати во текот на престојот (зависно 7 или 9 ноќи).

 Попуст 12 % за 50 % уплата заклучно со 08.03.2024

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7  или 9 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 1,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.  Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01.00часот, поаѓање во 01.30часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин.

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 70EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.)