vila Dimitris,Ipsos
Вила Димитрис – Ипсос/Пирги
Вилата Димитрис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на само 300 метри од плажата. Вилата располага со шест двокреветни студија кои се на првиот кат, и едно двокреветно студио кое се наоѓа на приземје. Во две соби постои можност за додавање на трет дополнителен кревет (на првиот кат). Секоја соба располага со мини кујна, решо, основен прибор за соодветниот број лица, фрижидер, тераса, клима (со доплата од 5 евра од ден по желба) и интернет. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Вилата Димитрис е единствената вила на Крф, со сопствен систем за вода и затоа е дозволено пиење на водата од чешма. Вилата има голем двор со скара кој им е достапен на сите гости за уживање и релаксација. Вилата располага со сопствен паркинг
НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 18 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 18 евра за траект
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
· Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
· Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект
· Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 18 евра за траект.