vila Statis

На само 13 метри од плажата, на самата средина на Ипсос се наоѓа вилата Статис. На 10 метри од неа се наоѓа најповолниот супермаркет во тој дел на островот. Вилата располага со сопствен ресторан и се состои од седум двокреветни соби кои се наоѓаат на првиот кат, од кои терасите на две студија имаат директен поглед на море, терасите од две студија имаат страничен поглед на море, а три немаат. Сите соби имаат два единечни кревета, но постои можност за спојување.

Сите соби се во класичен грчки стил, модерно опремени со wi-fi интернет, мини кујна, тоалет, мала тераса и клима со доплата на лице место. Сите кујни се одделени со столб од делот за спиење. Мини кујните располагаат со мал фрижидер, решо, аспиратор и основен кујнски прибор.

Вилата располага со заедничка тераса за сите гости со директен поглед на море.

НАПОМЕНИ:

Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 15 евра кои се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА воведена туристичка такса од 4 евра по лице за целиот престој. Се плаќа во автобус.
Задолжително патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.

Доколку сакате да споите термин, се плаќа редовата цена за вториот термин, а се одземаат 20 евра за превозот од редовната цена.

За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 15 евра за траект и 4 евра туристичка такса

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

Check in во собите е после 14h по грчко време
Check out е до 09h. Багажот се остава во делот кој го предвидува персоналот задолжен за чистење на вилата.
Климата во вила Статис е опционална и се доплатува 5 евра од ден на лице место
Чистењето на собите е на четвртиот ден од престојот, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат со цел да може да се смести групата која доаѓа.
Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
Во вила Статис не постои можност за додавање на дополнителен кревет