vila Vrahos, Kalamitsi

Куќа „Врахос“ е лоцирана на самото шеталиште, на прекрасната плажа во Каламици. Сите соби имаат отворен, прекрасен поглед кон море. Веднаш до неа има приватен, затворен паркинг само за гостите. Сите апартмани се четирикреветни и се сместени на вториот кат од куќата. Со големи целосно опремени кујни, ТВ, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената. До куќата има таверни и маркет.

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. за патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 2480 мкд. (40 евра)
    • За деца до 12 години 1860 мкд. (30 евра)
  •  Дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман