Почетна
Skijanje vo Saalbach, Avstrija

Салбах – е едно од најелитните и најубави ски ресорти во Австрија, но и во светски рамки. Градчето се наоѓа во областа Салзбург и има неверојатни 300 км скијачки стази што е рај за љубителите на скијањето. Освен скијањето Салбах нуди и многу повеќе од тоа. Ноќно скијање, одлични ресторани, дискотеки, спортски центри и многу забавни активности со цел туристите да се чувствуваат прекрасно и да имаат зима за паметење. Одлично е тоа што воопшто и да не вие потребен превоз до ски стазите, бидеќи се веднаш до сместувањата. Бројните настани само ќе го збогатат Вашето доживување во Австрија. Ауди/БМВ тест драјв, концерти и голем број на изненадувања. Новите и модерни апартмански сместувања на Алпите заедно со искусниот тим на Wonder Camp се спремни да ви го овозможат најубавиот и најзабавниот зимски одмор до сега.
Wonder Sport Camp е наменет за деца, млади луѓе, родители, групи кои што сакаат да водат активен и здрав живот.
Зошто Wonder Sport Camp?
– Одлична можност за камперите да спортуваат, се забавуваат и стекнат нови пријателства
Скијањето во Австрија е несекојдневно искуство!
Еден одмор – милион спомени!
Општи Правила:
Секојдневните активности на кампот се организираат од страна на стручниот тим на Wonder Sport Camp. Одличната програма им дава можност на сите учесници да се едуцираат, забавуваат, релаксираат и да уживаат во сите активности.
Активности на Кампот:
- Забавни активности
- Едукативни активностии
- Спортски активности
- Изненадување за сите учесници
- Вечерни забави за повозрасните
- Ноќно скијање
Услови за учество:
Кампот е наменет за поединци, групи, тимови и спортски клубови за сите нивоа: од почетници до професионалци кои имаат желба да напредуваат и да ја подигнат својата форма на повисоко ниво.
Од Камперите се очекува да се однесуваат пристојно кон сите учесници на кампот како и кон тренерите и организаторите.
Сместување:
Учесниците ќе бидат сместени во прекрасни 4* апартмани за 6 или 8 лица кој се наоѓаат во срцето на Алпите и веднаш до ски стазите. Апартманите се супер модерни, комфорни со прекрасен панорасмки поглед и одлични за одмор и релаксација. Одличната локација на апартманите овозможува скијање без да користите ски автобус. Од оваа година има нова жичара ZellamseeXpress која се наоѓа многу блиску до нашето сместување.
Капацитет:
Внатрешен и надворешен базен, сауна. Вкупна должина на поврзани стази околу 400 км. Сини стази: 31, Црвени стази: 27, Црни стази: 6. Надморска висина: 1000 / 2100 м.
Партиципација за кампот: Период 03.01 – 12.01.2020 = 585 евра по лице (за лица родени 2001 год. и помлади) За лица родени 2000 год. и постари цената е 659 евра по лица.
Цената ВКЛУЧУВА:
- 7 ноќевања со 2 оброци дневно (појадок – се служи во апартманот и ланч пакет за секој учесник),
- Автобуски превоз на релација Скопје – Салбах – Скопје
- Ски карта за 6 денови
- програма со едукативни и забавни активности,
- Групни (патролни) инструктори. 10 деца – 1 инструктор.
- Користење на сауна и базен (внатрешен и надворешен)
- професионални тренери и лидери
- Ски маичка за секој учесник
- постелнина
- комлетно чистење на апартманот
- Wi-Fi во апартманите и на рецепција
Цената НЕ вклучува:
- Ски опрема (возможно е да се рента)
- Крпи (пожелно е секој да си понесе или се доплаќа)
- Туристичка такса 2 еу дневно (се плаќа во хотел)
Плаќањето може да се изврши во готово или електронски најкасно до 10.11.2019. Секој учесник / спортски клуб треба да плати 30 % од сумата по потврдување на апликацијата.
Дозволено е и плаќање на неколку рати. Последната рата треба да се уплати најкасно до 10.12.2019
Ски училиште
Вондер Камп ви овозможува брзо и лесно да го совладате скијањето со одлични професионални инструктори. Цени се промотивни и може да ги користат само учесниците на кампот.
Групен час за деца 2ч дневно за 3 дена – 115 евра
Групен час за возрасни 2ч дневно за 3 дена – 139 евра
Групен час за деца 2ч дневно за 6 денови – 199 евра
Групен час за возрасни 2ч дневно за 6 денови – 259 евра.
Индивидуален час 1ч – 65 евра.
Напомена: Групните часови се со максимален број од 6 учесници. Часовите се закажуваат минимум 15 дена пред поаѓање. Ски училиштето во Австрија НЕ Е задолжително.
Опрема и облека:
– Камперите мора да бидат облечени соодветно за време на активностите
Осигурување и безбедност:
Секој учесник мора да поседува валидно патничко осигурување кое покрива и дополниелни незгоди при скијање.
Нашиот искусен тим на лидери е достапен и е должен да води постојана грижа за сите учесници. Квалификувани спасувачи и тренери ќе ги придружуваат учесниците на скијачките патеки, на базен и во текот на сите нивни спортски активности.
Транспорт:
Превозот е со високо туристички автобуски и е организиран од страна на кампот. Превозот е вклучен во цената.
Програма на патувањето со автобуски превоз:
1 Ден – 03.01 – Македонија
15.00 Состанок со групата
поаѓање кон Австрија и ноќно возење. Скопје – Белград – Загреб – Австрија.
2 Ден – 04.01 – Пристигнување во Австрија и сместување во попладневните часови.
Вечерен состанок и објаснување на правилата и тимовите за скијање.
2 – 9 Ден – Вондер Камп – Салбах Австрија
9 Ден – 11.01 – Појадок и поаѓаме кон Виена.
Разглед на Виена и вечерно патување кон Македонија
10 ден – 12.01 Пристигнување во Македонија во утринските часови
Nova Godina vo Budva i Dubrovnik
БУДВА И ДУБРОВНИК
НОВА ГОДИНА 2020
1 ден НЕДЕЛА (29.12.2019)
Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00.
Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден ПОНЕДЕЛНИК (30.12.2019)
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови.Кратка пауза и можност за фотографирање на едно од најмонденските летувалишта на
Јадранското море – Свети Стефан.
Сместување во вила во Будва. Слободно попладне.
Во вечерните часови, можност за организирана факултативна вечера во ресторан. Ноќевање.
3 ден ВТОРНИК (31.12.2019)
Во утринските часови поаѓање кон Дубровник.
Пристигнување во Дубровник во пладневните часови – индивидуален разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Враќање во Будва. Вечерта следи трансфер до градскиот плоштад и дочек на Новата 2020 Година. Во договорено време враќање во вилата. Ноќевање.
4 ден СРЕДА (01.01.2020)
Одјавување од вилата во утринските часови.Трансфер до центарот на Будва (Словенска Плажа).Време предвидено за индивидуална прошетка или шопинг. Тргнување за Скопје според договорено време. Пристигнување во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 3300 денари со уплати до 15.11.2019
РЕДОВНА ЦЕНА: 4500 денари
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
*2 ноќевања во Будва
*Трансфер до градскиот плоштад и дочек на Новата 2020 Година
*Организација и реализација на патувањето
*Лиценциран туристички водич
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
*Туристичка такса Црна Гора 1 евро од ден
*Посета на Дубровник 15 евра
*Вечера во ресторан на Јадранска ривиера со пијалок 10 евра
Nova Godina vo Maroko

1 Ден: 30.12.2019 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЗАБЛАНКА:
Состанок на патниците нa аеродромот „Скопје“ во 08:00 часот. Полетување за Истанбул во 10:10 часот со лет PC352. Пристигнување во Истанбул во 13:35 часот. Полетување за Казабланка во 20:15 часот со лет PC651. Пристигнување на аеродромот Мохамед во Казабланка во 23:20. Пречек од партнеот од Марако и трансфер до хотелот. Ноќевање.
2 Ден: 31.12.2019 КАЗАБЛАНКА – РАБАТ (94 км):
После појадокот со спакуван багаж, тура низ Казабланка, деловниот главен град на кралството, посета на плоштадот Мохамед В, плоштадот на Обединетите нации, квартот Хабсус, Кралската палата, резидентската област на Анфа и прекрасната џамија Хасан Втори и AinDiab Corniche наредени со базени и гастрономски ресторани. По ручекот заминување за Рабат, административниот главен град на Мароко. Откријте го „Империјал Гарден Сити“ со неговите главни споменици: градината Одејас, Хасан кула и Мавзолејот. Ќе ги видите и sидините на Мехуар кои ја опкружуваат Кралската палата. Сметување во хотел во Рабaт. Вечера. Ноќевање.
3 Ден: 01.01.2020 РАБАТ – МЕКНЕС –ВОЛУБИЛИС – ФЕС (207 км):
По појадокот, со спакуван багаж, продолжуваме со програмата за Фес преку Мекнес, каде започнуваме најпрвин со разгледување низ Мекнес, наречено „Марокански Версај“, која е основана на крајот на 17 век од Мулај Исмаил, современик на Луј XIV. Дополнително разгледување вклучува и Баб Ел Мансур, која се смета за најубавата порта во Мароко. Можност за ручек во локален ресторан. Поата продолжуваме со посета на римските урнатини на Волубилис на неколку километри од Мекнес. Продолжуваме до Фес , со вечера и ноќевање во хотелот.
4 Ден: 02.01.2020 ФЕС:
После појадокот, целиот ден ќе биде посветен на откривање на ФЕС, посета на средновековната Медина. Ќе ги истражуваме и познатите пазари каде занаетчиите сè уште работат со вековната ориентална традиција. Слободно време за ручек и продолжете со разгледот попладне. Препорачуваме – Еврејскиот кварт, Медина, Bou Inania Madrasa, Плоштад от Неџарин итн. Враќање во хотел и ноќевање со вечера.
5 Ден: 03.01.2020 ФЕС – БЕНИ МЕЛАЛ – МАРАКЕШ (480 км):
По појадокот, со спакуван багаж, заминуваме за Бени Мелал, поминувајки покрај Азру, Берберско село, познато по својата занаетчиски изработки, како резба од дрво и килими. Пристигнување до Маракеш, вечера и ноќевање во хотелот.
6 Ден: 04.01.2020 МАРАКЕШ:
По појадокот, целиот ден ќе биде посветен на разгледување на Маракеш, основан од Алморавидес на крајот на 11 век. Маракеш е сместен во бујна оаза во подножјето на снежните планини Атлас. Ќе ги посетиме познатите градини Менара, џамијата Кутубија и палатата Бахија. Слободно време за ручек и продолжуваме со разглед на Медина и познатиот плоштад Јамаа Ел Фна. Враќање во хотел за вечера и ноќевање.
7 Ден: 05.01.2020 МАРАКЕШ – КАЗАБЛАНКА (240 км)
После појадокот, трансфер во Казабланка. Слободно време, пауза за ручек во ресторан на крајбрежјето на Казабланка. Слободно попладне, препорачуваме на шопинг во Marocco Mall. Tрансфер до аеродромот во Казабланка окулу 20:00 часпт за повратен лет.
8 Ден: 06.01.2020 КАЗАБЛАНКА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ:
Лет кон Истанбул PC652 во 00:20. Пристигнување во Истанбул во 07:00. Лет за Скопје со лет PC 351 во 10:00, пристигнување во Скопје во 09:30 часот.
| Хотел 4* |
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ | 30.12.2019 – 06.01.2020 |
| ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ | 30.12.2019 – 05.01.2020 | |
| УСЛУГИ | 5 HB + 1 BB | |
| НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ | 6Н / 8Д | |
| Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 28.10.2019 | 1275 € / 79.050 мкд | |
| Цена по лице во двокреветна соба | 1395 € / 86.490 мкд | |
| Попуст за трето возрасно лице | -50 € / -3100 мкд | |
| Доплата за еднокреветна соба | 150 € / 9.300 мкд | |
Цената влучува:
• Авионски превоз Скопје – Казабланка– Скопје, со вклучени аеродромски такси
• 6 ноќевања во Хотели со 4* (5 полупансиони + 1 ноќевање со појадок)
• Вклучени разгледи и влезници според програмата
• Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
• Техничко водство / Пратител на групата, доколку групата е над 15 патници
• Лиценциран локален водич на англиски јазик
Цената не вклучува:
• Влезна виза за Мароко (се вади во Софија, за повеќе информации и цена ве молиме обратете се во Агенција);
• Опционално доплата за новогодишна вечера
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
• Задолжително патничко осигурување
• Факултативни излети
• Бакшиши за локалните возачи и водичи
Забелешки:
Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 15.
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
Nova Godina vo Barcelona

30.декември (понеделник) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:30 часот. Полетување за Барселона во 18:30 часот. Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. Трансфер до хотелот. Ноќевање.
31.декември (вторник) БАРСЕЛОНА
Појадок. Организиран панорамски разглед на Барселона: авенијата Diagonal која Барселона ја дели на источен и западен дел, прекрасната катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо – местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија (Plaza Espanya) на кој се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и “Магичните фонтани” со величествена игра на вода, светлина и музика, плажата Барселонета, Шпанското село (Pueblo Espanol) комплекс на градби во разни архитектонски стилови од цела Шпанија… Слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта дочек на Новата Година на некои од плоштадите на Барселона. Ноќевање.
01.јануари (среда) БАРСЕЛОНА (парк Гауди)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Guell” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антонио Гауди .Прекрасните медитерански градини и специфичните фигури, препознатливи по својата уникатност, денес се дел од листата на светското културно наслетство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите Гаудиеви згради: “Casa Mila” и “Casa Batllo”. Попладне препорачуваме поршетка низ Готскиот кварт, срцето на стариот град на Барцелона, со познатата Катедрала, Улицата на Кралевите со средновековните згради, , плоштадот “San Jaime”… Ноќевање.
02.јануари (четврток) БАРСЕЛОНА (Фигерас и Герона)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и можност за шопинг во познатите шопинг центри од градот, или факултативен излет до Фигерас и Герона – посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3D колажи, како и приватната колекција на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar… Слободно време за кафе пауза. Вечерта, факултативна вечер со Фламенко шоу. Ноќевање.
03.јануари (петок) БАРСЕЛОНА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за прошетка (со метро) до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Попладне, препорачуваме посета на Триумфијалната Порта, Главниот парк со неговите градини… Можност за посета на многубројните музеи, како Музејот на Пикасо и Чоколадниот Музеј. А за љубителите на фудбалот, можност за посета на Ноу Камп. Попладне трансфер до аеродормот во Барселона. Лет за Скопје во 21:15 часот. Пристигнување во Скопје после полноќ во 23:55 часот, наредниот ден.
Цена на аранжманот: 499 Є (30.938,00 мкд)
– Авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Скопје (со Wizz-Air)
– Трансфери во Барселона, на релација: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во “Hotel Madanis” **** , на база 4 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Барселона со водич
– Организирани посети на паркот Гауди, прошетки до Олимпиското пристаниште, Годскиот кварт… (без вклучени влезници за музеи и културно историски споменици)
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Туристичка такса 1.5€ на ден.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Аеродромски такси (60€)
– Факултативна вечера со Фламенко шоу (55€) – со метро
– Факултативна посета на Фигерас и музејот на Салвадор Дали (со вклучена влезница) и Герона (80€) / за минимум 15 пријавени патници
– Влезници во објектите и културно историски споменици: Sagrada Familia, Montjuic, Parc Guell, Camp Nou, Шпанско Село,
– Пријавен багаж до 20кг – ______мкд по правец
– Пријавен багаж до 32кг – _______мкд по правец
– Доплата за 1/1 соба 152€
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмот
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
Nova Godina vo Pariz (avtobus)

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Виена во 19:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.29. Декември (недела) ВИЕНА – БРАТИСЛАВА
Пристигнување во Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Палатата Хофбург, Парламентот, Градската куќа, Виенската Опера, Дворцецот Белведере, Забавниот парк Пратер … Можност за посета на дворецот Шенбрун – некогашната летна резиденција на Австроунгарската монархија. Слободно време за индивидуални активности. Патувањето продолжува кон Братислава. Панорамски разглед на Братислава: Катедралата Св.Мартин, Замокот, Словачкиот народен театар, Михаилската порта, Старата градска куќа… Сместување во хотел. Ноќевање.
30. Декември (понеделник) БРАТИСЛАВА – ПРАГА
Појадок. Заминување за Прага. Попатна посета на Прага. Панорамски разглед на градот: Старо место: Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париска улица, плоштадот Старо место со Астрономскиот часовник – Орлој, Градската кула, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Уневерзитетот на Карло четврти, Вацлавски намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито… Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќно возење кон Париз.
31.Декември (вторник) ПАРИЗ – ВЕРСАЈ
Панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… слободно време за индивидулани активности и прошетки, или полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило. Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд, каде традиционално се дочекува Новата Година. Можност за индивидуална прослава на Новогодишната ноќ, во некое од париските кабареа (само со претходно направена резервација). Ноќевање.
01. Јануари (среда) ПАРИЗ
Појадок. Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа најубавиот поглед на Париз… прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Попладне, факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената можност да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула, продолжува со вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасни звуци на француската шансона, додека се набљудува ноќната панорама на градот. Ноќевање.
02. Јануари (четврток) ПАРИЗ – ЛУВР
Појадок. Полудневен факултативен излет до најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”… како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Слободно попладне за шопинг низ познатата улица Риволи, галеријата “Lafayette”…Ноќно патување кон Минхен.
03.јануари (петок) MИНХЕН
Пристигнување во Минхен во утринските часови. Панорамски азглед на градот: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен за индивидуални прошетки и шопинг. Сместување во околината на Минхен. Ноќевање.
04.Јануари (сабота) САЛЗБУРГ – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување кон Македонија со попатна посета на Салзбург. Панорамски разглед на градот: Дворецот Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, надбискупска резиденција… Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.
05. Јануари (недела) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови…
Цена на аранжманот:
| “BASIC” | 289€ | за резервации до 31.10.2019 |
| “BASIC” | 299€ | основен пакет |
| “STANDARD” | 319€ | разглед на градот со локален водич и разглед на Париз и неговите најзначајни знаменитости (со метро) |
| “SUPERIOR” | 369€ | со вклучени разгледи на Париз, Версај , Лувр |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– 1 ноќевање со појадок во Братислава, Хотел 3*
– 2 ноќевања со појадок во Париз, Хотел 2+*
– 1 ноќевање со појадок во околината на Минхен, Хотел 3*
– Организирани разгледи на Виена, Прага, Братислава и Минхен
– Придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Задолжително Патничко осигурување
-Организиран панорамски разглед на Париз со локален водич (15€)
-Организиран разглед низ Париз со метро на 01 Јануари (10€)
( Монтмартр, квартот Пигал, Ајфелова кула, крстарење по Сена)
-Во цената не се вклучени влезници во Ајфелова кула и крстрење по Сена
-Посета на Лувр со локален водич, резервација и влезница (30€) *резервација и уплата при продажба
-Посетата на Версај, превоз, резервација, водич и влезница: (35€) *резервација и уплата при продажба
-Туристичка такса која се плаќа директно на рецепција во хотелите 1-2,5€ по лице од ноќ.
-Билети за превоз со метро
-Влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
Nova Godina vo Moskva i Sankt Petersburg

Дочек на Новата Година во МОСКВА
30.12.-04.01.2020 (6 дена – 5 ноќи) со лет од/до Белград
1 ден (30.12.2019) БЕЛГРАД -МОСКВА
Состанок на групата на аеродром Никола Тесла два часа пред поаѓање во 16.10 часот. Лет со авиокомпанијата Air Serbia во 18.10 часот (лет JU 654) . Слетување на аеродромот во Москва -Шереметјево во 23.05 часот.Сместување во хотел.Ноќевање.
2 ден(31.12.2019) МОСКВА
Појадок . Панорамско разгледување на градот со автобус (без влез во објекти): центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасисителот.Навечер одење до Црвениот Плоштад(со метро,со водич),каде традиционално со гоолем огнометсе пречекува Новатата Година.Ноќевање.
3 ден(01.01.2020) МОСКВА
Појадок.. Поаѓање на факултативна екскурзија кон Сергиев Посад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, како и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св. Сергеј.Слободно време Во вечерните часови, факултативна посета на Московското Метро , на неколку најубави метро станици, кои се налик музеи со бројни мозаици, скулптури, итн., Новодевичанскиот Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот “Ломоносов”, Паркот на победата Ноќевање
4 ден (02.01.2020 ) МОСКВА
Појадок.Поаѓање на факултативна екскурзија кон Музеот Бородинската битка -посветен на војната на Наполеон во 1812.Главен експонат на музејот е панорамата,кое преставува огромно сликано платно со димензии 115 х 15м,кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле. Слободен ден за индивидуални активности, или факултативно вечерно крстарење – пловење со ексклузивниот брод -ресторан Radisson.Ноќевање .
5 ден (03.01.2020) МОСКВА
Појадок.Факултативна посета на Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, палатата каде се наоѓа ризницата на Царска Русија. Големо историското и уметничкото богатство на Московскиот Кремљ, кои се собрани во една збирка од која е настанат Музејот (Богатството од Царска Русија), кој е под заштита на УНЕСКО. Посета на палатата на оружјето, ризницата на царска Русија…Враќање во хотел и слободно попладне/вечер за одмор и индивидуални активности
6 ден (04.01.2020) МОСКВА – БЕЛГРАД
Појадок.(lunch paket) По одјавување на хотелските соби, организиран трансфер до аеродром. Лет за Белград во 07.55 часот (JU 651). . Пристигнување во Белград во 08.55 часот.
| ХОТЕЛ 4* (Москва) |
ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈ | 30.12-04.01.2020 |
| УСЛУГИ | BB | |
| НОЌЕВАЊА | 4 | |
| Цена по лице во двокреветна соба(со вклучени аеродромски такси) | 588 € / 36.456 мкд | |
| Цена за дете од2 -12 г со две возрасни лица(дополнителен кревет) | 540 €/33.480 мкд | |
| Доплата за еднокреветна соба | 95 € / 5.890 мкд | |
Цената влучува:
- Авионски превоз Белград – Москва – Белград
- 5 ноќевањасо појадок во хотел 4*
- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром, според програма.
- Панорамски разглед на градот со водич на српски јазик (без влезници во објекти).
- Техничко водство / Пратител на групата.
- Аеродромски такси од 112€ вклучени во цената(подложни на промени)
Цената не вклучува:
- Индивидуални трошоци и дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
- Оброк во авион
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативни излети:
Кремљ – 40 еур (*** Се резервира однапред, во агенција!)
Сергиев имот (Поранешен Загорск) – 40 еур
Московско Метро (прошетка) – 10 еур
Крстарење по реката Москва – 35 еур
Панорама-Бородинска битка (со метро) -30 еур
Третјаковска галерија 30 еур
*** Во цените за факултативни излет се вклучени превоз, влезница (каде што ја има), локален водич. Минимален број на патници за реализација на излетите е 15 лица. За помалку пријавени лица (10-14) факултативата би можела да се реализира но со јавен превоз.
Hotel Delta 4*: www.izmailovo.ru
Хотелот е дел од поранешниот комплекс Izmailovo. Метро станицата е на 100 m од хотелот. Во близина на хотелот има голем број на ресторани, трговски центар и голем пазар за сувенири. Возење со метро до Црвениот плоштад трае околу 15 минути (од хотелот со пешачење 25 минути), како информација за движење во слободно време. Во 2012 год. хотелот е комплетно реновиран. Појадокот е шведска маса.
РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување на СКТМ се составен дел од овој аранжман

















