Почетна
hotel Megi
Хотел “ Меги “ 3* – Драч
Хотелот се наоѓа во хотелскиот комплекс ПЛАЖ на оддалеченост од 7 км. oд градот Драч,на 50 м оддалеченост од плажа. Хотелот располага со дво, тро и четири креветни соби комплетно опремени со сопствено купатило, клима, ТВ, балкон.

- Цените се однесуваат по лице од ден
- За деца од 0 – 6 год. бесплатно
- За деца од 6 – 12 год – 50 % попуст од редовната цена
- Доплата за еднокреветна соба 50% од редовната цена
- Во цената вклучено е користење на клима уредот
- Во цената Не вклучена тур.такса од 1еур на ден по лице
- Сместување во собите е во 13 часот, а напуштање во 10 часот.
- Цените се изразени во ЕВРА за плаќање во денарска противвредност 1€=62мкд.
- Цените на превозот Скопје – Драч – Скопје изнесува:
- ВОЗРАСНИ: 30 €
- Деца од 2 до 12 години: 20€
- Деца до 2 години: БЕСПЛАТНО(не користи седиште)

вила Mathias
Објектот Mathias е двокатна зграда со повеќе студија, наменета исклучиво за туристичко престојување во Парга. Нејзината местоположба која иако ја лоцира на кружниот пат над градот, воедно и овозможува и прекрасен поглед врз Парга и нејзиниот залив. Со својата одлична опременост и степенесто распоредените балкони, оваа вила овозможува одличен престој за секој нејзин гостин. Одличната опременост на двокреветните студија, како и паркинг место за секое од нив, ја издвојува во нејзината комфорност за престој пред многу слични објекти. Оддалеченоста од градските гужви и приближно истото растојание од сите три плажи на Парга, воедно и дава предност за сите оние кои во Парга би отпатувале со сопствен превоз.

– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.


вила Bellos
Вилата е убава куќа сместена во непосредна близина на центарот на Парга. Лоцираноста во една од мноштвото тесни улички кои се симнуваат кон шеталиштето и градските плажи, веројатно ќе го привлекува вниманието на потенцијалните гости. Студијата и апартманите во нејзе, се стандардно опремени и истите располагаат со сиот потребен комфорт за пријатен престој. Влегувањето низ убаво уредениот и цветен двор, нуди дополнителен впечаток за типичен објект со препознатливата архитектура на Парга.

– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на


vila Vasili Ksamil
Вила “ Васили “ – Ксамил, се наоѓа во строгиот центар на Ксамил на само 50 м. оддалеченост од најпознатата плажа БОРА БОРА. Вилата е поделена во два објекти Васили 1 и Васили 2, вилите располагаат со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа комплетно опремени, со сопствено купатило, кујна, ТВ , клима и WI – FI.

- Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќи / 8 дена
- Превозот не е вклучен во цената, дополнително се плаќа:
- 50 € за возарсни
- 35€ за деца од 2 – 10 год.

hotel Calypso, Hanioti
3* хотел “Calypso” е лоциран на главниот влез во Ханиоти, односно на 50m од плоштадот, опкружен до многуте барови, ресторани, продавници и на околу 150m од плажа. Хотел “Calypso” е декориран со традиционална грчка архитектура што го прави најдобар и најкаракеристичен хотел во Ханиоти. Со својот уникатен стил и удобности, Хотел “Calypso” Ви нуди чувство на приватност и релаксација…
Хотелски соджини: располага со 77 хотелски соби, од кои 60 Standard и 17 Superior или вкупно 170 легла. Собите се наоѓаат на високо приземје, први и втори кат, базен со две нивоа на длабочина, со лежалки и чадори, лоби бар покрај базенот со голем избор на пијалоци, ресторан во кој се служи појадокот, рецепција со лоби бар, Wi-Fi интернет (на рецепција)…
Хотелско сместување: Standard собите се состојат од 2 редовни легла, а додека Superior собите имаат 3 редовни легла. Секоја од собите е опремена со мини фрижидер, клима, купатило со фен, крпи за раце и тело, TV, гардеробер, телефон, тераса со масичка и столчиња со поглед кон шеталиште, базен или море…
Хотелски услуги: Појадок, (шведска маса), во ресторанот на хотелот. Чистењето на собите е секојдневно, менување на постелнина и крпи на 3 дена.
Максимално сместување: 2 возрасни и 2 деца (1-во дете до 12 год. / 2-ро дете до 6 год.) или 3 возрасни лица.
.

vila Harmoni, Skijatos
Вила ХАРМОНИ ГАРДЕН – лоцирана во Агиа Параскеви на оддалеченост 100 метри од плажа. Вилата има голем двор со скара, бар и паркинг со ограничен капацитет. Располага со двокреветни студијасо два единечни кревети, сите со комплет опремена кујна, ТВ, бања со туш и фен, клима (вклучена во цена) и Wi-Fi. Студијата се наоѓаат на приземје и на прв спрат.

*Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез вообјектите е следниот ден.
-Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
НАПОМЕНИ:
– Цените се дадени за пакет аранжман по лице за 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз, брод, трансфер пристаниште-вила-пристаниште .
– Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
-Минимум две лица во студио. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.
-Поаѓање: Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј ИН во 22.30ч. Поаѓање е во 23.00ч.
– Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
-За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за возрасни, 25 еур за деца

vila Giatras
Вила GIATRAS („А“ кат.) – оддалеченост од плажа – 40 метри. Сите студиа располагаат со кујна, ТВЦ, ТВ, тераса, WI-FI (бесплатно) и клима (доплата 5 € на ден). Објектот се наоѓа на десната страна од главната улица во Лаганас (гледано кон морето).

Цените се дадени во ЕУР, плаќање во денарска противвредност (1 ЕУР = 61,8 ден.)
НАПОМЕНА : Термините се дадени заедно со денот на ПОАЃАЊЕ, сместувањето по објекти е следниот ден !
Доплати :
-Доплата за трансфер од Штип до Велес – 10 € по лице
-Деца од 2-11.99 год на дополнително легло – БЕСПЛАТНО (плаќаат само превоз од 50 €)
-Доплата за користење на клима 5€ дневно во самата вила.
-Патничко и здравствено осигурување
За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст

vila Ana, Laganas
Вила ANNA („А“ кат.) – оддалеченост од плажа – 50 метри. Сите студиа и апартмани располагаат со кујна, ТВЦ, тераса, WI-FI (бесплатно) и клима (доплата 7 € на ден). Објектот се наоѓа на левата страна од главната улица во Лаганас (гледано кон морето) и во склопот на истиот се наоѓа и БАЗЕН кој Ви е на располагање од 08 – 22 часот секој ден.

-Цените се дадени во ЕУР за ПАКЕТ Аранжман (бус+брод+сместување) по ЛИЦЕ.
-Плаќање во денарска противвредност (1 ЕУР = 62 ден.)
НАПОМЕНА : Термините се дадени заедно со денот на ПОАЃАЊЕ, сместувањето по објекти е следниот ден !
Доплати :
-Доплата за трансфер од Штип до Велес – 10 € по лице
-Деца од 2-11.99 год на дополнително легло – БЕСПЛАТНО (плаќаат само превоз од 50 €)
-Доплата за користење на клима 7€ дневно во самата вила.
-Патничко и здравствено осигурување






