Почетна
vila Alexandra,Nea Marmaras
Вила “Alexandra” – Неос Мармарас, се наоѓа во непосредна близина на пристаништето и 50m oд нај блиската (мала плажа) и на околу 500m од познатата плажа Paradisos. Располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија со редовни легла. 1/2 и 1/3 студијата се на приземје и I кат, каде некои од нив се со поглед на море а некои со поглед назад кон влезот на вилата и улицата, 1/4 студијата се на III кат со поглед на море. Сите студија се опремени со: кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, клима со доплата 4€ од ден, ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, широки балкони со столчиња. На најгорниот кат од вилата има голема тераса со директен поглед на море каде гостите на вилата можат да си ја користат за ручек, кафе или слично.
vila Carski Konak
Објект кој се наоѓа на почетокот на Сутоморе, на 200 метри од долгата плажа, една од поубавите на црногорското крајбрежје, под магистралата. Блиску до објектот се наоѓаат пекари, ресторани, маркети. Објектот располага со двокреветни и трокреветни соби на приземје, прв и втор кат. Собите се опремени со сопствени купатила, тераси, ТВ, клима уред (користењето е вклучено во цената), Wi-Fi и фрижидер. Во склоп на објекот се наоѓа мал ресторан во кој се служи појадок, а во текот на денот може да се користи како бар со многу поволни цени.
Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот.
Во студијата или апартманите можат да се сместат онолку лица колку што има кревет
Попусти:
7% за уплата на два или повеќе поврзани термини
5% за целосна уплата во АПРИЛ
Превоз:40еур повратна карта за возрасни / 30 еур за деца до 10г.
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус