Почетна

vila Nulis

Veligden vo Viena

Автобус | 5 дена – 2 ноќи / термин: 26-30 Април 2019

 

1ден/ 26.04 (петок)  СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14:30 часот и поаѓање за Виена во 15:00 часот. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


2ден/ 27.04 (сабота)  ВИЕНА (шопинг центар Parndorf)
Пристигнување во претпладневните часови во eден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Во договорено време патувањето продолжува накај Виена. Предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 28.04 (недела)  Шенбрун – Дунавска кула
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич. Дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден во 1700 година. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф). За останатите, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252m претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед – 360о на градот). Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (факултативно). Ноќевање.


4ден/ 29.04 (понеделник)  Виенски шуми
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 30.04 (вторник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


Цена на аранжманот: 169€ / 10.480мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок);
  • Професионален туристички придружник;
  • Организација и реализација на програмата;
  • Посета на шопинг центар Parndorf;
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци(Дреново), Струмица, Штип, Велес, Охрид.

(Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: 

  • Разглед на Виена со локален водич – 10€;
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 40€;
  • Факултативна посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг – 30€ (мин. 30 лица за реализација);
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич – 30€ (мин. 25 лица за реализација);
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 15€;
  • Патничко осигурување – 175мкд (за лица до 60 год.);
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.100мкд.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност, по курс 1€ = 62мкд.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

Veligden vo Firenca i Piza

Veligden vo Krakov Polska

Veligden vo Bali

Veligden vo hotel Trinity

Veligden vo Malta

Avionski aranzmani

    

Avtobuski aranzmani

      

Veligden vo Jashi Romania

Програма – ЈАШИ РОМАНИА

Поклонение на моштите на Св.Петка Велигден

Прв ден:05.04.2018 (Четврток)

Тргнување од Скопје (паркинг хотел Вип) во 16:00ч., Велес (Бензинска Макпетрол) во 17:00 ч., Штип (Нова Пошта) 17:45 ч., Кочани (пред ТА Либеро Травел)  во 18:30 ч., Каменица во 19:15 ч., Делчево (пред менувачница) во 19:45 ч. Патување со високотуристички автобус преку Бугарија со попатни паузи.

Втор ден:06.04.2018 (Петок) 

 Во предпладневните часови пристигнување во Синаја – посета на дворецот Пелеш  каде Романските кралеви престојувале во летниот период,а денес музеј од историско и културно значање во Романија ,посета на градот Брашов (централна југо-источна Трансилванија) кој представува музеј на отворено. Посета на познатата Црна Црква од XIVвек. Разглед на стариот градски центар и слободно време.

Во попладневните часови поаѓање кон Јаши –  

градот во кој во 18 век. се преместени моштите на Св.петка во соборниот храм Митрополие Молдавски во центарот на градот. Сместување во хотел. Разглед на градот. Вечера(факултативно). Ноќевање.

Трет ден:07.04.2018 (Сабота)                       

Доручек. Посета на црквата Митрополие Молдавски,обавување на верски обреди и поклонение пред моштите на Св.Петка. Факултативна посета на светото место познато во Романија како Света гора Патре Неимц одалечено на 70 км. од градот Јаши. Слободно време за разглед на градот Јаши  во кој има над 50 цркви наредени една до друга ,голема пешачка зона, прекрасни паркови, ресторани, кафе барови, продавници и прекрасни градби (некои од нив датираат од 15 век а некои се заштитени од УНЕСКО). Факултативна посета на ботаничката градина и панорамски разглед на градот со транвај Вечера во ресторан(факултативно).Ноќевање.

 Четврт ден:08.04.2018 (Недела)

Доручек. Одјавување од хотел и заминување од Јаши. Пристигнување во Македонија во касните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 5.800 ДЕНАРИ

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Водство на турата со лиценциран придружник и водич
  • Сместување во хотел 3* со доручек во Јаши 2 ноки

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за Црната Црква во Брашов – 6 евра
  • Влезница за дворецот Пелеш – 15 евра
  • Задолжително групно патничко осигурување – 100 денари.
  • Посета на Светилиштето Патре Неимиц 10 евра

Краен рок за пријавување 26.03.2018 г.

Цената е формирана за минимум 50 патници

За програмата потребен е важечки биометриски пасош 60 дена