Почетна

vila Evi 2

Вилата Evi II е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Располага со пространи студија и апартмани кои се наоѓаат на прв и на втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење),телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

За резервации и целосни уплати до 31.03.2018 одобруваме 5% попуст

Превоз….35еур за возрасни / 25еур за деца

vila Evi 1

Вилата Evi I е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри од моретомеѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани.  Сместувачките капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Во апартманите има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

За резервации и целосни уплати до 31.03.2018 одобруваме 5% попуст

Цените се за наем на Студио за 10нокевања

Превоз……35еур за возрсни / 25еур за деца

Hotel Altea 3*, Albena

Хотелот е лоциран 800м.  од плажата, опкружен со зеленило.Има бесплатен трансфер до плажата.

На секоја соба следува две лежалки и чадор на плажа бесплатно.

Број на нокевања по желба, но минимум е  5 нокевања.

Деца до 2г……бесплатно

Дете 2-12г. на доп. легло, со двајца возрасни………бесплат

Трет возрасен плака……..80%

Задолжително тур. такса од 1еур на ден од лице.

Превоз на релација:Скопје-Софија-Албена-Софија-Скопје (Секој ден)

Дете до 2 години бесплатно
Дете 02-6,99 години 15.00 евра
Дете од 07-09,99 години 31,50 евра
Лице над 10 години 62,50 евра

Време на поаѓање:

-Скопје –Софија-23.59

-Софија-Албена-07.30(локално време)

Време на враќање :

-Албена-Софија-15.30(локално време)

-Софија-Скопје- 23.59(локално време)

hotel Com 3*, Albena

Хотелот е лоциран 800м.  од плажата, опкружен со зеленило.Има бесплатен трансфер до плажата на секои  30мин.

Има голем надворешен базен  со тобогани.

На секоја соба следува две лежалки и чадор на плажа бесплатно.

Број на нокевања по желба, но минимум е  5 нокевања.

Деца до 2г……бесплатно

Дете 2-12г. на доп. легло, со двајца возрасни………бесплатно

Второ дете 0-6г. на заедничко легло, со двајца возрасни………на упит

Трет возрасен плака……..80%

Еднократна боравишна такса за возрасни  5 €, деца до 11,99 години 3 €

Превоз на релација:Скопје-Софија-Албена-Софија-Скопје (Секој ден)

Дете до 2 години бесплатно
Дете 02-6,99 години 15.00 евра
Дете од 07-09,99 години 31,50 евра
Лице над 10 години 62,50 евра

Време на поаѓање:

-Скопје –Софија-23.59

-Софија-Албена-07.30(локално време)

Време на враќање :

-Албена-Софија-15.30(локално време)

-Софија-Скопје- 23.59(локално време)

vila Panorama, Hanioti

Вила Панорама е нов објект на главниот влез во Ханиоти и е одалечена од плажа околу 7 мин.
Вилата располага со едноспални апартмани а сите нудат прекрасен панорамски поглед на градот и морето.
Сите апартмани имаат тераси, клима уред (вклучен во цената), безжичен интернет, телевизор и паркинг во непосредна близина.

-10% попуст за резервации направени и целосно уплатени до 30.04.2020

Цените се по студио за 7 ноќевања во €. 1€ = 62 денари.

За уплата на два термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)

Легенда: APP апартман за 4 лица

Во цената Е вклучено:
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

vila Vula

Вила “Vula” се наоѓа на 100m од плажа пред стадионот во Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /3+2/, голема дневна соба со три одделни легла каде е и кујната и две единечни, споени легла во спалната. Апартманите се комплетно опремени со: голема кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + голем фрижидер), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима (вклучена во цената), како и бесплатен интернет. Апартманите се во сопствен закуп на Т.А. Медитеран и се на приземје со голема тераса.

GPS Coordinates: 40°15’29.0″N 23°13’13.9″E    |   40.258050, 23.220521

5% попуст за целосна уплата до 01.04.20

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице – БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ – 62мкд;
  • –  Во термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • –  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на апартманите, после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;
  • –  Превозот ги остава/зема патниците на 20m од вилата;
  • –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. (без седиште) – бесплатно;

  

vila Megali Alana

Вила MEGALI ALANA – „Б“ категорија

Локација: 150м. од плажа

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Термините обележани со црвено се промо цени и на нив не следува попуст
Легенда: STD 3 – студио за 3 лица

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања во студио
Клима уред
Користење безжичен интернет
Паркинг (ограничени места)

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

 

vila Bouzalis

Вилата Bouzalisе лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита и на само неколку метри од морето. Располага со апартмани со најразлична големина; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

За резервации и целосни уплати до 31.03.2018 одобруваме 5% попуст

Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

Клима уредот е вклучен во цената.

Превоз…..35еур за возрасни / 25еура за деца 2-12г.

vila Selena Mare, Paralia

Се наоѓа во новиот, северен дел од Паралија, недалеку од новоизградените спортски терени, а од централната улица Паралија е околу 400 метри, додека поширокиот песокчен дел на плажа е на растојание од 270 метри. Вилата располага со бесплатен паркинг.
Вила е изградена во 2008 година. Сите сместувачки единици се опремени со кујнски прибор (опремен со основен прибор), клима уред, телевизор, бања, балкон.
Замена на постелнина е еднаш за време на престојот на гостите.
Крпи, тоалетна хартија, сапун си обезбедуваат самите гости.

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Едно дете до 12 години може да користи заеднички кревет, бесплатно.
Еднокреветна соба: Кога едно лице користи двокреветно студио, има попуст од 20%.
Доплата за клима уред 5€ на ден ( се плаќа во вилата )
Туристичка такса 0,50 центи на ден за соба (се плаќа во објектот)

vila Maila, Paralia

Вилата се наоѓа на 400 метри од плажата во Паралија, во близина на маркетот Lidl . Поседува двокреветни и трокреветни студија(приземје или спрат) и четворокреветни дуплекс апартмани со кујнски дел, тераса, ТВ, купатило, клима во студија на спрат ( се доплаќа 5eur oд ден ), студијата на приземје не поседуваат клима уред. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената.

Туристичката такса се плака на лице место.