Почетна

vila Pefki, Pefkohori

vila Grigoris lux

Veligden vo Interhotel

                                                                                                 

Цените во табелата се по соба, за 2 возрасни лица.

Kipar 2020

Image result for LARNAKA

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1. ден    СКОПЈЕ – КИПАР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16:00 часот и чекирање на багажот за лет (W67767) кон Кипар во 17:50 часот. Слетување на аеродромот во Ларнака во 21:10 ч. по локално време. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер до местото и резервираниот објект за престој. Сместување во собите и слободно време за одмор. Ноќевање.

од 2. до 7. ден    КИПАР (Ларнака, Агиа Напа или Протарас)
Денови за одмор и уживање во убавините на Средоземното  Море, со престој во објекти и хотели (по избор), лоцирани во туристичките места на Кипар. Можност за факултативни екскурзии и посети, во организација на локалната – партнер агенцијата (информации при продажба, или кај претставниците на Кипар).

8. ден   КИПАР – СКОПЈЕ
Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Ларнака. Ослободување на собите до вообичаеното време во 12:00 часот на пладне. Можност за користење слободното време од денот за одмор на плажа, или пак локални прошетки. Трансфер кон аеродромот во Ларнака и предавање на багажот околу два часа пред лет. Полетување за Македонија со лет (W67768) во 21.45 ч. Пристигнување во Скопје во 22:55 часот по локално време.

Локација: Хотелот е лоциран во централниот дел на Ларнака, оддалечен само 100 метри од познатата плажа Финикудис.
Содржини и сместување: Собите се опремени со тераса, клима, сеф, сет за кафе, мини бар, ТВ и Wi-FI интернет.
Услуга: ноќевање со појадок

                               


Напомени: Цените се однесуваат за пакет аранжман по лице (авио билет, аеродромски такси, трансфери и сместување) за наведените термини и престој на база 7 ноќевања со појадок.
 
Попусти за деца: за едно дете од 0 до 11,99 години во (1/2) соба со родители, се доплаќа само за авио превоз и трансфери. За термин: 19.јули, 09. и 16.август = 175 EUR, а за 26.јули и 02.август = 195 EUR
  

Напомени: Цените се однесуваат за пакет аранжман по лице (авио билет, аеродромски такси, трансфери и сместување) за наведените термини и престој на база 7 ноќевања, во единица сместување според  број на лица.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
* 7 ноќевања во објект или хотел по избор со наведената услуга.
* Авио билет со превозникот “Wizzair” на релација: Скопје – Ларнака – Скопје

* Локален трансфер на Кипар: аеродром – хотел – аеродром
* Аеродромски такси
* Мал багаж: рачна торба или ранец
* Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
* Дополнителен багаж, со можна доплата според ценовникот на авиокомпанијата “Wizzair”

* Патничко и здравствено осигурување
* Факултативни екскурзии и посети, како и други непредвидени трошоци.

Велигден во хотел MANTAR 4*

 

Veligden vo Sandanski

  

Veligden

  

 

8mi Mart vo Kipar

1 ден: (08.03 – недела) – СКОПЈЕ – ЛАРНАКА – КИПАР

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување за Ларнака во 06:00 ч. Пристигнување во Ларнака во 09:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака е најстариот град на Кипар или неговата ,,душа”. По сместувањето предвидено е разглед на градот со прошетка низ најпознатата улица во Ларнака во строгиот  центар на градот “Finikoudes”,  посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот, како и посета на Тврдината изградена за одбрана од пиратите која се наоѓа на самото пристаниште. Слободно време за прошетка низ Ларнака. Ноќевање.

2 ден: (09.03– понеделник) –НИКОЗИЈА                                                                                                           

Појадок.Факултативна  посета на Никозија,главниот град на Кипаркоја локално се употребува под името Левкозија..Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија , па затоа градот го нарекле Никозија Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути е посебно искуство.Северниот дел се наоѓа во Турска , Република Северен Кипар.. Старото име на градот е Ледра . Прошетка низЛедра која денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозијакако и прошетка низ уличката  Laiki Getonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа  и тесни улички .Потоа се посетува и Северниот дел на градот, кој се наоѓа во Р.Турција. Посета на некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија. Прошетка во делот на градот полн со  автентични продавнички, ресторани, пазари … Посета на Бујук Хан, изграден во 1572 год кој е сеуште одлично сочуван и е главна туристичка атракција.. слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во Ларнака. Враќање во хотел. Слободни активности.Ноќевање.

3 ден: (10.03 – вторник ) –  ЛИМАСОЛ

Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факулатитвна прошетка низ Лимасол. Лимасол е вториот град по големина на Кипар. Мештаните го нарекуваат и ,,Кипарска ривиера”поради пријатната клима, гостопримството и развиената туристичка инфраструктура. Лимасол е градот со најлускузни хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови и дискотеки, како и голем број на маркети. На местото на старото пристаниште се протега шеталиштето.. Слободно време за прошетка низ Лимасол и активности по желба.Враќање во Ларнака. Ноќевање .

4 ден: (11.03 – среда) –ЛАРНАКА– СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 07:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 10:00 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 11:20 часот локално време.

ЦЕНА269 евра со вклучени аеродромски такси

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
  • Сместување во хотел на сама плажа во центар на Ларнакана база ноќевање со појадок – Sun Hall Beach Hotel&Apartments 3*
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Доплата за кабински багаж до 10кг  (55 x 40 x 23 cm)850 ден по правец
  • Туристичка такса –186денари по лице за 3 ноќи  (1 евро по ноќ по лице)
  • Факултативна посета наНикозија– 25евра
  • Факултативна посета на градот Лимасол –  25 евра( пакет цена за двете  факултативи  – 40 евра)
  • Патничко осигурување без франшиза -200 денари

НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО

8mi Mart vo Paris

1ден / 06.03 (петок)  СКОПЈЕ  – БУВЕ – ПАРИЗ  Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:45 часот. Полетување за Париз со WIZZ AIR во 17:45 часот. Слетување на аеродромот “Beauvais” во 20:45 часот. Организиран превоз  до Париз. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

2ден / 07.03 (сабота)  ПАРИЗ – ЛУВР  

Појадок. По појадокот следува организиран панорамски разглед на Париз (пешачка тура + метро) низ најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Можност за посета на Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint Germain, Sorbonne, Пантеон, Луксембуршката палата, продолжуваме кон , Vendome , Операта и Gallery La Fayette.  По разгледот можност за факултивна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр , кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Во него се наоѓаат околу  65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Слободно време за индивидуални активности.  Во вечерните враќање во хотел. Ноќевање.

3ден / 08.03 (недела)  ПАРИЗ  –  АЈФЕЛОВА КУЛА  –  САКРЕ КЕР       

Појадок. По појадокот организирана  целодневна прошетка  со локален превоз  до Трокадеро, посета на Ајфеловата кула. По посетата на Ајфеловата кула можност за крстарење  по Сена,  со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Прошетката продолжува кон Марсовите полиња, Домот на инвалидите, преку мостот на Александар Невски продолжуваме кон Елисејските полиња до Триумфалната капија. Попладневна посета на Defense , Париз на 21 век. Вечерна  прошетката продолжува до Монмартр , посета на  базиликата Sacre Coeur (Светото срце) , од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз, прошетка по плоштадот на уметниците, славниот кабаре бар Moulin Rouge и плоштадот Пигал.  Враќање назад кон хотел со локален превоз. Ноќевање.

4ден / 09.03 (понеделник)  ПАРИЗ – ВЕРСАЈ                                                                                                    

По појадокот предлагаме целодневна посета на величенствениот дворец Версај со локален превоз, изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек дело на уметноста од 17-ти век, во разгледот не се вклучени  градините. Враќање назад кон хотел со локален превоз. Слободно време за индивидуални активности до 18:00 часот , времето на тргнување кон аеродромот со организиран трансфер. Полетување за Скопје во 21:15 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 23:55 часот.

 Редовна цена со вклучени аеродромски такси  –    399 еур

     Во цената на аранжманот е вклучено:     

-директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со Wizz air

-мала кабинска торба (40x30x20cm)

-oрганизиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

-сместување во Хотел 3* на база 3 ноќевање со појадок – Хотел Ibis Porte d’Orleans

-панорамски разглед на Париз со водич – пешачка тура

-организиранизација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:                                                                                                                 

 Туристичка такса – 2 € од ноќ по лице (се плаќа во агенција);                                                                                

 Влезница за Ајфелова Кула до трет кат – 22€, (уплата во агенција);                                                                       

Крстарење со брод по Сена – 15€ (уплата во агенција);                                                                                                         

Посета на Версај – 53€ со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената),  локален превоз, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;                                                                         

 Посета на Лувр – 37€ со вклучена влезница+локален водич (уплата во агенција);                                                         

Напомени:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници.
  • Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање (освен за синдикати)
  • Т.А.  го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не подоцна од 7 дена пред тргнување

 НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО – НАЈМАЛКУ ДО 10 ЈУНИ

8mi Mart vo Istanbul

Термин: 5 март 2020 | 4 дена / 2 ноќи


Сместување во луксузниот 5* хотел “TRYP by Wyndham

    

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

 

1ден / 05.03 (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Куманово во 15:15 часот (Бензинска “Makpetrol” – Автопат), Скопје во 16:00 часот (Хотел “ВИП” – наспроти саем), Велес во 16:45 часот (Бензинска “Makoil” – Мотел Македонија), Штип во 16:00 часот (пред Стадионот), Неготино во 17:15 часот (Бензинска “Makpetrol” – Автопат), Струмица во 17:00 часот (Бензинска “Makpetrol” – кружен тек). Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден / 06.03 (петок) ИСТАНБУЛ (Хиподром | Сина Џамија | Аја Софија | Топ Капи | Вечера на брод)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел. Сместувањето е во TRYP by Wyndham 5*. По кратка пауза со автобусот се упатуваме кон посета на Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинјан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните визанстиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул), Палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II. При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во Џамија. Овaа палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Можност за попатна посета на Капали Чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриенa улицa и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативна вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со брод + трансфер). Mузичка програма (видео) (фолк танци / традиционални церемонии / ориентални танчарки), јадење и неограничени безалкохолни пијалоци (кафе / чај / вода / сокови). Прекрасна ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.


3ден / 07.03 (сабота) ИСТАНБУЛ (Панорамски разглед | Крстарење – Босфор | Долма Бахче Сарај | Сафир Сеир Тераси | Ноќен Истанбул)
Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или заминување на панорамски разглед на градот, со можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај – првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик – дел за мажите и Харем – делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата… сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме факултативна ноќна панорама на Истанбул. Посета на ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу 1,5 километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе. Посета на еден од најживописните квартови во Истанбул, Ортакој, каде ќе имате можност да уживате во најпопуларните специјалитети, компир и вафли. Во Ортакој се снимани сцени од многу турски серии, така што ќе имате можност да ја доживеете магијата на овој волшебен град. Слободно време за вечера и фотографирање. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден / 08.03 (недела) ИСТАНБУЛ (Аквариумот Turkuazoo | FORUM) – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на најголемиот трговски центар во Европа – FORUM, во кој се наоѓа Аквариумот Turkuazoo, првиот јавен аквариум во Истанбул. Еден од најголемите аквариуми во Европа со над 15.000 видови неверојатни суштества. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Грција со попатни паузи.


5ден / 09.03 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 109€ / 6.750мкд
за уплата до 25/02/20:    89€ / 5.500мкд


Дете до 6 години – 45€ / 2.800мкд   |   Дете од 6-12 години – 79€ / 4.900мкд   |   Еднокреветна соба + 40€ / 2.500мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

– превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
– 2 ноќевања со појадок во TRYP by Wyndham 5* во Истанбул;
– посета на Хиподромот (превоз | локален водич);
– посета на Сината Џамија (превоз | локален водич);
– посета на најголемиот трговски центар – FORUM;
– професионален туристички придружник;
– организација и реализација на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

– посета на Аја Софија  (влезница | локален водич) – 20€;
– посета на Топ Капи Палатата  (влезница | локален водич) – 20€;
– панорамски разглед на Истанбул со локален водич на српски или македонски јазик – 10€ (задолжителна доплата при користење на сите/една од следните факултативи: крстарење по Босфор, Долма Бахче Сарај, Сафир Сеир Тераси);
– посета на Долма Бахче Сарај  (превоз | влезница | локален водич) – 20€;
– посета на Saphire Seyir Terasi  (превоз | влезница за 4D | локален водич) – 15€;
– посета на Аквариумот Turkuazoo  (превоз | влезница) – 20€;
– ноќен Истанбул (превоз + водич) – 20€;
– крстарење со брод по Босфор (90 минутно дневно крстарење по Босфор со локален водич) – 20€;
– вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење + трансфер) – 40€;
– здравствено патничко осигурување – 150мкд.


Долма Бахче Сарај + Сафир Сеир Тераси + Аквариум = ГРАТИС панорамски разглед!!

ПАКЕТ од СИТЕ факултативи – 135€  |  СИТЕ факултативи со вклучена вечера на брод – 175€


Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;