Почетна

Велигден во хотел”Мurite”-Разлог

 

Велигден во “Interhotel”-Сандански

Овој прекрасен хотел , реновиран 2012 , Ви нуди одлична можност за релаксација.Интерхотел Сандански се наоѓа во градот Сандански, во подножјето на Пирин планина,опкружен со преубаво зеленило и одговара  на сечиј вкус..
Регионот е познат по својата клима и 80 минерални извори со температураод 42° – 81°С и различно ниво на минерализација и хемиски соединениа. Минералните води  имаат силен ефект врз лекувањето на голем број заболувања.

цените се во € се плаќа во денари 1 € = 62,00 мкд

Цена вклучува:

  • Сместување во соодветниот вид на соба за 3 или 4 ноќевања на база ноќевање со појадок или полупансион
  • Бранч на 16.04.2017 од 11:30-14:30 ч.
  • Користење на СПА Центар :
  • Внатрешен и надворешен базен со минерална вода 33°С,
  • Отворен термален базен со минерална вода 38°С,
  • Сауна,
  • Парна бања,
  • Фитнес
  • Интернет
  • Паркинг

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување.
  • туристичка такса 1€ по лице на ден

НАПОМЕНА

  • Сместување во собите по 14:00 ч.
  • Напуштање на собите до 12:00 ч.
  • Во собата има можност за сместување на две редовни легла плус 1 легло ( на растегнување) и може да има бебешко креветче
  • Во студио/апартман има можност за сместување на два возрасни на редовни легла, 1 лежај (тросед на развлекување) и 1 бебешко кревтче
  • Во апартман фамилијарен има можност за сместување на три редовни легла плус 1 лежај (тросед на развлекување) и 1 бебешко кревтче

Велигденски аранжмани во Сандански

  

БУДВА со посета на Острошки Манастир и факултативна посета на Дубровник

термин: 13 Aприл 2017 / 4 дена – 2 ноќи

1ден (четврток)  13.04.17  ШТИП/СКОПЈЕ – БУДВА

Поаѓање од Штип во 21:30 часот (на 13 Април) пред Новата пошта. Од Велес во 22:15 часот на бензиска Макпетрол (кружен тек под Костурница). Од Куманово во 22:30 а бензиска Макпетрол-автопат. Поаѓање од Скопје во 23:00 часот на паркингот пред VIP хотел (наспроти Скопски саем). Ноќно возење преку Косово и Албанија со паузи за одмор и царински формалности.


2ден (петок) 14.04.17  Острошки манастир – БУДВА
Во утринските часови пристигнување во манастирот Острог-сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград ( основан од Митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век). Слободно време за негово разгледување или утринска литургија. Поаѓање кон Будва (со попатно фотографирање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Планирано пристигнување во пладневните часови. Сместување во хотел Виногради 3* во центарот на Будва. Слободно време за одмор или прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град на Будва, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Уживање, фотографирање покрај море… Ноќевање.


3ден (сабота) 15.04.17  (факултативна посета на Дубровник )
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник и Дубровачките градски тврдини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија… слободно време за кафе или ручек покрај море. Враќање во Будва во предвечерните часови. Ноќевање.


4ден (недела) 16.04.17  БУДВА –  МАКЕДОНИЈА
Појадок. Слободно време за прошетка или утринско кафе покрај море.  Поаѓање кон Македонија во 13 часот. Пристигнување во вечерни часови.


Цена на аранжманот: 69€ / 4.300мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Посета на острошки манастир
– 2 ноќевања со појадок во хотел Виногради 3* во  Будва
– организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

– целодневна посета на Дубровник 10€ (доплата на лице место во автобус)
– Доплата за еднокреветна соба +25€
– Патничко осогурување 180мкд.


Напомена: 

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници.
– За реализација на факултативата ДУБРОВНИК, потребен е минимум 35 патници.

Опис и галерија на хотелот Vinogradi во БУДВА

хотел Vinogradi 3* се наоѓа на одлична локација во централниот дел во Будва на само 50м од главниот булевар и 150м од добро познатата Словенска плажа. Веднаш до хотелот има пекара и маркет а во непосредна близина на булеварот се наоѓаат многубројни продавници, барови, ресторани.. Хотелот Располага 30 двокреветни и трокреветни соби на 4 ката. На секој спрат има пегла и даска за пеглање – бесплатно за гостите. Секоја соба е со комплетно нов намештај, тв-лцд, клима-вклучена во цената, мини фрижидер, чајник, сеф, тераса.. Чистењето на собите и промена на крпи е секојдневно, промена на постелини еднаш неделно. Хотелот располага и со ресторан+летна тераса каде се служи појадокот (шведска маса) и вечера по избор од 2-3 јадења. Бесплатен Wi Fi интернет.

  

Велигден на КРФ-автобус

13.април         СКОПЈЕ – КРФ

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “ Holiday Inn” во 21:30 часот. Поаѓање за Грција во 22:00 часот. Ноќно возење со попатни одмори.

14.април         КРФ
Пристигнување на пристаништето Игуменица во претпладневните часови. Превоз со траект до островот Крф. Пристигнување и сместување во хотел или апартман (според избор). Денот е Велики петок – ден на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители, дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар ја свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Собирот започнува на пладне. Првата поворка го почнува своето движење од црквата Пресвета Богородица во 14:00 часот попладне, за потоа и од другите цркви една по една, се’ до крајот во 22:00 часот од Соборната црква. Враќање во хотел. Ноќевање.

15.април         КРФ
Појадок.
Состанок на групата и заминување кон главниот град Крф, каде што ќе се следи свеченоста. Точно во 09:00 часот, започнува првата поворка наречена Првото Воскресение. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островото. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, од прозорците на куќите почнуваат да летаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Враќање во хотел. Враќање во хотел. Вечерта посета на Керкира , каде ке можете да присуствувате на вечерната Литургија, да запалите од  вечниот оган и да уживате во спектакуларна прослава и огномет. Ноќевање.

16.aприл         КРФ
Појадок.
Разглед на островот:Организирана посета на дворецот – музеј Ахилион (некогашна резиденција на Австриската кралица Елизабета),попатна посета на местото Канони од каде имате незаборавна панорама, една од Bella Vista точките на островот… Потоа панорамски разглед на градот: стариот град, тврдината, плоштадот со шеталиштето… Разгледот продолжува со посета на Палеокастрица (една од најстарите населби на островот). Можност за попатна посета на фабриката за произвотство на слатко и ликер од познатата локлана овошка -Кум Кат. Вечерта, факултативна посета на грчка таверна со традиционална музика. Ноќевање.

17.април       КРФ – СКОПЈЕ
Појадок.
Заминување кон пристаништето и трансфер со траект до Игуменица. Патување со попатни одмори, до пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
155 Є     (9.610,оо ден.) сместување во хотел
120 Є     (7.440,оо ден.) сместување во апартман

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Превоз со траект на релација: Игуменица – Крф
– Сместување во Ипсос, во хотел ** на база (3 НП) или во апартмани на база (3 Н)
– Организиран панорамски разглед на Крф
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Факултативна вечера во национален ресторан (30 €)
– Доплата за клима уред во апартманите (5 €) на ден
– Влезници за музеите, палатите и културно-историските споменици
– Индивидуално патничко осигурување

Велигден во хотел “MessongiBeach hotel”-Крф

Велигден во хотел “Athos Palace”-Kалитеа

Велигден во хотел “Pallini Beach”

 

Велигден во хотел“Orbilux”

Велигден во хотел“Аspen Resort”