Почетна
вила “Domes”

Apartments Domes e веќе познат објект за сместување во Лептокарија, кој се наоѓа во крајбрежниот појас на градот. Истиот се состои од два комфорни апартмани од А категорија, кои се карактеризираат со своите специфичности. Едниот апартман е сместен на кровната тераса од трикатната зграда, кој во својот состав брои три стандардни кревети и една софа како дополнителен лежај. Исто така располага со мини кујна, тоалет, ТВ и клима уред, како и огромна летна тераса со околу 100 м2 поплочен простор и целосен поглед кон морето, небото и градот. Во приемјето на истата зграда е вториот апартман кој располага со две спални соби, големо купатило и дневна соба со кујна, како и две убаво уредени тераси во предниот и задниот дел кон дворот. Секако е опремен и со ТВ, клима уред и останати потребни уред. Паркингот е можен во нивната непосредна близина.

| – Цените се однесуваат на наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз). – Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD). |
| ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ – Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидeниот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години, во кревет со родител (по одобрение на домаќинот). – Употребата на клима уред е бесплатна (каде што е достапен). – За уплата на две смени (7+7 ноќевања) одобруваме од 10% на втората смена. – Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата). – Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) – Задолжително патничко осигурување (за лица до 65 год.) – Доплата за превоз (за корисници на аранжмани): возрасни 35 € ; деца од 2 до 12 год. 25 € |
вила”Eleni”

Villa Eleni е всушност пансион со соби, лоциран на главната улица и шеталиште во местото Нидри на Лефкада. Близината до сите потребни содржни, овозможува сместување во објект кој ќе ви овозможи активен одмор во најпосетеното туристичко место на Лефкада. Собите во вилата се чисти и уредни, двокреветни и трокреветни, сите опремени со соодветен мебел, twc, клима уред со доплата, ТВ и фрижидер, кој сепак овозможува користење на уреди за остава на храна. Близината до мноштвото фаст-фуд ресторани и продавници за храна, како и можната претплата на исхрана го издвојуваат овој објект како навистина одличен за престој на островото.

|
– Цените се однесуваат на наем на соби, за 7 или 9 ноќевања (без превоз). |
|
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ |
вила “Long Summer”

Villa Long Summer е лоцирана на околу 400 метри од најблиската плажа во Сивота и околу 700 мтри од марината во градот. Во својот состав има повеќе единици за сместување, четворокреветни апартмани, опремени со мебел, ТВ и клима уред, интернет и останати потребни содржини. Во составот на апартманите се уредена спална соба и кујна со дополнителни кревети. Сите имаат балкони и тераси со поглед кон дворот и блиската улица.

| – Цените се однесуваат на наем на апартмани за 7 или 9 ноќевања (без превоз). – Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD). |
| ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ – Во апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), на (exb) помошен кревет, само дете до 12 г. преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител. – Употребата на клима уред е бесплатна (каде што е достапен). – За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена. – Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата) – Препорачуваме патничко осигурување – Задолжително патничко осигурување (за лица од 65 год.) – Доплата за превоз (за корисници на аранжмани): возрасни 50 €; за деца од 2 до 12 год. 37 € Доплата за конекција до Велес…..5 еур |
вила Јulija
Вилата е сосема сигурно еден од најубавите објекти за сместување во Сивота. Нејзината локација која е во близина на главното шеталиште и на малата марина, добро опремените студија, убавиот голем двор со ѕидана скара, маса и столици кои можат да ги користат гостите и нејзината околина, сосема сигурно и визуелно ја издвојуваат од повеќето куќи во непосредната близина. Можноста за убав и пријатен одмор во прекрасната природна околина, е дополнително зголемена со одличниот сервис кој го нуди персоналот на споменатиот објект.

– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.


vila “Zefyros”
Вила “ZEFYROS” се наоѓа на нај добрата лoкација во центарот на Неи Пори, веднаш до црквата и на само 20m од плажа. Располага со двокреветни и трокреветни студија (на I и II-кат), и дуплекс апартмани за 6 лица (на I и II-кат). Во двокреветните студија има две единечни легла, во трокреветните студија има еден брачен и еден единечен, додека во дуплекс апартманите во секоја спална има по еден брачен и еден единечен и одделна кујна. Секое студио/апартман е комплетно опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер.., тоалет, балкон со масичка и столчиња (повеќето од студијата се со поглед напред кон улица/море и имаат одделна кујна), клима, ТВ, гардеробер. Wi-Fi интернет – Бесплатен. Сите студија и апартмани на први и втори кат.

НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то и 6-то лице во дуплекс АПТ, БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
- – Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- – Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- – Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците веднаш пред вилата;
- – Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
- – Доплата за клима – 5€ од ден на лице место;
- – Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- – Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување – 150мкд / 300мкд за лица над 65 год.
hotel Kopsis-Pefkohori
Лоциран на сама плажа во Пефкохори, хотелот Kopsis Beach е на само 10-минути пешачење до центарот на Пефкохори, каде има голем број ресторани и продавници. Хотелот располага со 24 соби со поглед на заливот на Касандра и селото. Сите климатизирани простории на хотелот се опремени со сателитски ТВ , фрижидер и бесплатен Wi-Fi . Собите се светли и свежи. Хотелот нуди сместување со доручек и уживање во пијалоци во барот покрај базенот. Покрај големиот базен во склоп на хотелот, за помладите гости има расположлив посебен базен. Покрај тоа, хотелот располага и со приватен бесплатен паркинг. На плажата гостите може да си обезбедат лежалка и чадор.

Во цената не е вклучено:
– патнично осигурување
– туристичка такса 0,5 € по соба од ден
Напомени:
– уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)

Azuren Breg – NICA
Термин: 14 Јули и 04 Август
1 ден СКОПЈЕ – НИЦА: Поаѓање во 12:00 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Италија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден НИЦА: Појадок. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, вилата Ласкарис, Катедралата… Ноќевање.
03 – 08 ден НИЦА: Летен одмор во гламурот на Азурниот Брег на база 7 ноќевања со појадок. За време на престојот во Ница, ќе ви овозможиме богата програма со многу излети, плажи, дневни и ноќни возбудувања.
9 ден НИЦА-МОНАКО-СКОПЈЕ : Појадок. Предлагаме целодневен излет кон Монако. Во вечерните часови продолжуваме преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
10 ден СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 29.04.2017: 399€ / 24.740 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 449€ / 27.840 ден
ЛЕТНИ АТРАКЦИИ
СЕНТ ТРОПЕЗ: Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Одиме на познатата монденска плажа Памплона, позната по многубројните “Beach bar”-ови каде светскиот џет-сет одмара.
Цена: 35 евра
АНТИБ, КАН: Кан-Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Антиб-прошетка низ стариот град каде се наоѓа музејот на Пикасо во некогашната тврдина на фам.Грималди, провансалскиот пазар, Марината со големите јахти, песочна плажа. Секако слободно време за капење.
Цена: 20 евра
ОСТРОВ МАРГАРЕТА: Остров каде се наоѓа затворот во кој бил затворен човекот со железна маска. Остров со борови и еукалиптосови дрва, со беспрекорна чиста, бистра и топла вода за капење, диви плажи.Секако понесете маска за нуркање и уживајте во подводниот колорит.
Цена на бродски билет: 15 евра
КРАЛСКА ПРОВАНСА – СЕНТ ПОЛ ДЕ ВЕНС: Уметнички полудневн излет до средновековниот Сент Пол. Францускиот Крал François I во 16 векго претвара во кралски град. Во 20 век уметниците го претвараат во град-уметничка галерија, место каде Ив Монтан и Симон Сињоре се венчани….Во еден период тука живееле Jacques Prévert, James Baldwin , Marc Chagall.
Цена: 15 евра
МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО: Целодневна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време за капење на познатата плажа Ларвото. Во вечерните часови посета на прочуените казина.
Цена: 25 евра
Villa Ephrussi de Rothschild: Полудневен излет кон полуостровот на милионерите Кап Ферат и посета на прекрасната вила на Беатриче Ротшилд. Вила со многу топлина, гламур, прекрасни градини. Излет на кој долго ќе се сеќавате.
Цена со вклучена влезница: 25 евра
ПЛАЖИ :
Nice – Градската плажа е оддалечена 800 метри од хотелот.
–Villefranche–sur–Mer: на само 2 станици со локален воз во правец на Монако, кој застанува над самата песочна плажа.
– Juan–les–Pins : на само неколку станици со локален воз во правец на Кан. Прекрасна песочна плажа и можност да прошетате по местото познато по многубројни бутици, пабови, дискотеки, клубови со жива музика ….
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
- Сместување во Ница во хотел 3* на база 7 ноќевања со појадок,
- Разглед на стариот дел на Ница,
- Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 300 мкд,( за лица до 60 год)
- Туристичка такса во Ница (2€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
- Факултативни излети – инфо во агенција
- Влезници за културно историски споменици, музеи.
- Билети за јавен превоз
- Доплата за еднокреветна соба : 240 €
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Важат општите услови за патување
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.









