Почетна

Нова Година во БЕЛГРАД

Божик во Израел

ПАТЕКАТА НА ЕВАНГЕЛИЕТО

05.ЈАНУАРИ 2018 – 11. ЈАНУАРИ 2018

(7 дена / 6 ноќи)

Откријте ја лулката на Христијанството по Патеките на Евангелието, доживејте ги физички и духовно Библиските пејсажи на Галилеа, онаму каде Исус и неговите следбеници се движеа…

1.Ден: 05– ти јануари: Скопје – Истанбул – Тел Авив
Состанок на групатана Аеродром Александар Велики во 8:30 часот. Лет за Истанбул со PC352 во 10:35 часот и слетување во 14:00 часот. Полетување кон Тел Авив со PC785 во 20:55. На аеродромот Ben Gurion се слетува во 22:00 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел во Витлеем. Ноќевање.

2.Ден: 06-ти јануари:  Стариот Град – Планината Зион –  Еврејски Кварт – Западниот Ѕид         
По појадокот, заминување на целодневна  пешачка тура – прошетка низ Светиот Град по Via Dolorosa – патот на Христовото Страдание. Ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота, плочата на миропомазувањето и Христовиот Гроб. Ќе продолжиме во посета на Калвари и Празниот Гроб, Планината Зион и Еврејскиот кварт. Ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера а потоа ќе продолжиме преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврерјско светилиште. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден: 07ми јануари:  Витлеем – Маслиновата Гора – Новиот Град –  Еин Карем
Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство  во Витлеем, од каде продолжуваме кон Маслиновата Гора каде ќе имаме можност за прекрасен  панорамски поглед на вечниот Свет Град. Продолжуваме кон Светите Олтари на Маслиновата Гора, Оче Наш, Капелата Dominos Flavit и Базиликата на Агонијата во Гециманската Градина, позната како Базилика на Сите Нации. Во Гециманската Градина Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Посета на гробот на Мајката Божја кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот. Во гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознесло на небото. Доколку доволува времето посета на Ein Karem, живописно село родното место  на Св. Јован Крстител. Враќање  во хотел. Вечера. Ноќевање.

  1. Ден: 08ми јануари: Мртво Море – Табор – Назарет
    По појадокот (со спакуван багаж) се упатуваме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода. Од таму продолжуваме  кон планината Табор каде ќе имаме можност да ја посетиме Црквата на Преображдението. Од поножјето до врвот на 575 м надморска висина се патува со помали такси комбиња заради тесниот пат и кривините. Од таму се упатувваме накај Назарет за посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и и соопштил дека ке го роди Исус. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија.  Патот го продолжуваме кон Тибериас. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање

5.Ден: 09ти јануари: Галилеја – Светите Олтари – Табха – Гора на Блаженствата – Капернаум –  Јарденит
По појадокот се упатуваме кон Галилејското Море каде ќе имаме можност за утринско пловење со брод. Посета на Светите Олтари кои се наоѓаат покрај Галилејското Море каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината Beatitude и Tabgha, место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Ручек во традиционален ресторан(вклучен во цената). По паузата за ручек се упатуваме кон Yardenit, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Враќање во нашиот хотел воТибериас за вечера. Ноќевање

6.Ден: 10ти јануари: Назарет – Бахајските градини – Хаифа – Нетанија
По појадокот (со спакуван багаж) заминуваме во посета на прекрасните Бахајски градини во Хаифа и ке имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел. Посета на црквата Стела Марис изградена над пештерата во која живеел Св. Илија.  Од таму се упатваме кон панорамско разгледување на Тел Авив и уметничкиот кварт Old Jaffa. Пристигнување во хотел во Нетанија. Вечера. Ноќевање

7.Ден: 11-ти јануари: Тел Авив – Истанбул – Скопје
Одјавување од хотел во раните утрински часови. Трансфер до аеродром за летот на PC782  во 10:10. Лет за Истанбул, а потоа заминуваме за Скопје со PC353 во 15:45. Пристигнување во Скопје во 15:15.

И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН

Во цената е вклучено :

  • Повратен авио билет Скопје – Тел Авив – Скопје
  • Сместување во Хотели со 3* на полупансион
  • Сите трансфери према програмата
  • Сите посети и влезници према програмата
  • ручек во Еин Гев
  • Стручен локален водич на српски јазик
  • Техничко водство / Пратител на групата

Во цената не е вклучено :

  • Аеродромски такси 136€/8.432 мкд
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување

Задолжителен бакшиш за локалните водичи и возачите – 40 УСД  (се плаќа на лице место, веднаш по пристигнување)

Забелешки:

  • Во случај на помал број од 20 пријавени патници, но најмалку 15, аранжманот нема да се откаже, но цената ќе претрпи промена
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
  • Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување, на лице место.Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
  • Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
  • Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.

Нова Година во Анталија

Нова Година во Солун и Метеори

30.декември (сабота)                   СКОПЈЕ – СОЛУН – ЛЕПТОКАРИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 06:30 часот. Поаѓање за Грција во 07:00 ч. Влез во Грција кај граничниот премин Богородица-Евзони. Пристигнување во Солун и панорамски разглед на градот: Виа Игнатиа, Црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, Римскиот форум, црквите Ротонда и Св.Софија, плоштадот Аристотелис и Белата Кула, Археолошкиот и Византискиот музеј… Патувањето продолжува кон Лептокарија, пристигнување во Лептокарија во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време за инфивидуални активноси. Ноќевање.

31.декември (недела)                   МЕТЕОРИ
Појадок. Целодневен факултативен излет до манастирите Метеори, со посета на еден од многуте средновековни манастири изградени на високи камени карпи над гратчето Каламбака. Единствената местоположба на оваа монашка заедница, ни овозможува ретко каде да ја почуствуваме силната посветеност кон бога, на монасите и испосниците кои низ вековите во Метерои ја пронаоѓале својата цел. При враќањето попатна посета на малата карпеста црква Агиа Параскеви (Св.Петка), изградена во клисурата Темби. Враќање во хотел. Навечер можност за дочек на Новата година факултативно со вечера во грчка таверна, со богато мени и уметничка програма. Ноќевање

01.јануари (понеделник)                ЛЕПТОКАРИЈА – ЛИТОХОРО – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови заминување кон Скопје со попатна посета на живописното гратче Литохоро кое се наоѓа во подножјето на планината Олимп. Во попладневните часови патувањето продолжува кон граничниот премин Евзони-Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


Цена на аранжманот:   79 €    (4.900 мкд)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:    
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел ***,  2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи на Солун и Литохоро
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:     
– Влезници за музеите и културно-историските споменици.
– Факултативна Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма (60 €)
– Факултативен излет до Метеори (10 €)
– Патничко здравствено осигурување (129 мкд)
 
НАПОМЕНИ:               
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

Нова Година во Венеција

29.декември (петок)                       СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во Скопје, на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во14:30 часот. Поаѓање за Венеција во 15:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни застанувања иодмори.
30.декември (сабота)                     ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Во претпладневните часови, пристигнување на пристаништето Пунта Сабиони во Лидо Ди Јесоло. Превоз со брод Вапорето” (*) до централниот плоштад на Венеција. Разглед на градот со прошетка до  плоштадот и црквата Св.Марко, Прокуратите, градскиот часовник, Венецијанската кула, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални активности и посети. Враќање во Лидо Ди Јесоло и сместување во хотел, во попладневните часови. Ноќевање.
 
31.декември (недела)                    ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – ЛАГО ДИ ГАРДА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност за факултативен излет до Верона радот на Ромео и Јулија), со разглед на плоштадите Ербе, Данте и Бра, Големата арена, куќата на Јулија… Во продолжение, посета на местото Сирмионе покрај езерото Гарда и тамошниот замок на семејствто Скалиѓери. Вечерта, можност за дочек на Новата година на плоштадите во Лидо Ди Јесоло или во Венеција (со користење на индивидуален јавен превоз). Факултативно – Новогодишна вечера во локален ресторан со музика. Ноќевање.
01.јануари (понеделник)                ВЕНЕЦИЈА – ЉУБЉАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот. Патот води преку Словенија, со попатна посета и краток одмор во Љубљана. Продолжување на патувањето кон Македонија, преку Хрватска и Србија. Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопјево раните утрински часови.

Цена на аранжманот:                  наскоро
Цена во претпродажба:              наскоро

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:    
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
– Сместување во хотел ***, во околина на Венеција (Лидо Ди Јесоло), на база 2 ноќевања со појадок.
– Панорамски разглед на Венеција и Верона.
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
– Патничко здравствено осигурување
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:     
– (*) Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабионе – Венеција (15 €)
– Факултативен излет до Верона и Лаго Ди Гарда (25 €)
– Туристичка такса по лице (2 € за две ноќевања), се плаќа индивидуално на рецепцијата во хотелот
– Влезници за музеите и културно-историските споменици.
 
НАПОМЕНИ:               
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 4патници

Нова Година во Истанбул(автобус)

29.декември (петок)                СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.
30.декември (сабота)              ИСТАНБУЛ
Пристигнување во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим,Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата… завршеток со пешачки разглед на златниот рог и неговите знаменитостиХиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), можност за посета и на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ – најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
31.декември (недела)              ИСТАНБУЛ – ПАЛАТИТЕ ДОЛМА БАХЧЕ и ТОП КАПИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативна посета на најпознатите палати во Истанбул. Долма Бахче Сарај – првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк. Денес е национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатство. Палатата Топ Капи – некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II. Денес е музеј во кој се наоѓа и мечот нa прорoкот Мухамед. Вечерта, факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан, со богато мени и културно-уметничка програма. Ноќевање.
01.јануари (понеделник)          ИСТАНБУЛ – БОСФОР – СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор и панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Пловење под мостовите над Босфор, кои ги поврзуваат копната на континентите Европа и Азија, Попладне заминување кон Македонија. Патот води преку Грција. Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.

Цена на аранжманот:             109 €     (6.760 мкд)
Цена во претпродажба:           99 €     (6.140 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:          
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во Истанбул, во хотел ***,  на база 2 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Истанбул
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:     
– Факултативна посета на Долма Бахче Сарај  и Топ Капи, со водич и влезници (35 €)
– Факултативна Новогодишна вечера во ресторан со уметничка програма (70 €)
– Факултативно крстарење по Босфор со водич (20 €)
– Влезници за музеи, палати и културно историски споменици
– Патничко здравствено осигурување (164 мкд)
 
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

Нова Година во Париз

30.декември (сабота)                        СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот “Александар Велики” во 15:45 часот. Полетување за Париз во 17:45 ч. Пристигнување во Париз на аеродромот Боувез во 20:50 часот. Трансфер и сместување во хотел. Сободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
31.декември (недела)                       ПАРИЗ – ЛУВР
Појадок. Панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… слободно време за индивидулани активности и прошетки, или полудневен факултативен излет до најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа Nike” од Самотраки, Сплавот на медузата… како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд, каде традиционално се дочекува Новата Година. Евентуална можност за идивидуална прослава на Новогодишната ноќ, во некое од париските кабареа (само со претходно направена резервација). Ноќевање.
01.јануари (понеделник)                  ПАРИЗ
Појадок. Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт,Луксембуршките градиниили уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа најубавиот поглед на Париз… прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Попладнето, факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената можност да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула, продолжува со вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасни звуци на француската шансона, додека се набљудува ноќната панорама на градот. Ноќевање.
02.јануари (вторник)                         ПАРИЗ – ВЕРСАЈ
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило.Слободно време за шопинг низ познатата улица Риволи, галеријата “Lafayette”.  Враќање во хотел со метро.Трансфер до аеродромот “Боубез” во 16:30ч. Лет за Скопје преку Загреб во 21:20 ч. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

 Цена на аранжманот:             459 €     (28.460 мкд)
Цена во претпродажба:         429 €      (26.600 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
– Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје (“Wizz Air”)
– Аеродромски такси
– Голема кабинска торба (55x40x23)максимум 10 кг.
– Организирани трансфери со автобус во Париз: аеродром-хотел-аеродром
– Сместување во хотел “Ibis La Defense Centre” ***, на база 3 ноќевања со појадок 
Hotel “Ibis La Defense” се наоѓа во модерниот кварт “La Defance”, во близина на метро или на само неколку минути од центарот на градот
– Организиран панорамски разглед на Париз
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Едно парче рачен багаж со максимум димензии од 55x40x23 сантиметри и максимум тежина од 10 килограми
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Задолжително Патничко осигурување: 180,00 мкд
– Посета со влезница за музејот Лувр: (12 )
– Посета со влезница за Ајфелова кула: (14 )
– Факултативно крстарење по Сена (13 €)
– Посетата на Версајпревоз, водич и влезница(5)*резервација и уплата при продажба
– Превоз со метро
– Eдно парче чекиран багаж од 2650мкд по правец
НАПОМЕНИ:
– Цените се изразени во евра (EUR), за уплата во денарска противвредност (MKD)
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници

Нова Година во Рим и Ватикан

31.декември (недела)              СКОПЈЕ – РИМ 
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:15 часот. Лет за Рим W6 7757 во 13:15ч. Пристигнување во Рим во 15:00 часот. Трансфер до хотелот со  панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Фонтаната Ди Треви… Сместување и слободно време за индивидуални активностиИндивидуално присуство на пречекот на Новата Година, на некој од градските плоштади. Ноќевање.
 
01.јануари (понеделник)         РИМ  НЕАПОЛ – СОРЕНТО
Појадок. Факултативна посета на Неапол и Соренто. Неапол е најголемиот град во Јужна Италија, кој изобилува со голем број на историски споменици, скулптури, театри, опери… поради што и го нарекуваат музеј на отворено. Панорамски разглед на градот со локален водич: разглед на Градскиот плоштад “Piazza del Plebiscito”, Општинската зграда, замокот Кастел Нуово, театарот Сан Карло, кралската палата “Palazzo Reale”, националната библиотека… Заминување кон Соренто. Преку заливот на Неапол лежи најимпресивниот брег  Сорентинската пенинсула, со поглед кон Неапол, вулканот Везув и островот Капри. Разглед на Соренто со локален водич: Базиликата Св.Антонио Абате, манастирот Сан Франческо, како и многубојните тесни и прекрасни улички, каде што ќе може да го набавите прочуениот италијански пијалок лимончело, произведен во Соренто. Враќање во Рим во вечерните часови. Ноќевање.
 
02.јануари (вторник)               РИМ – ВАТИКАН 
Појадок. Слободно времее за индивидуални активности и прошетки, или факултативна посета на Ватикан: Систинската капела,Ватиканските музеи и црквата Св.Петар. По разгледот, прошетка преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, познат и како уметничката четврт на Рим. Убава можност за краток одмор и уживање во вкусот на италијанското кафе. Вечерта, можност за факултативна вечера во национален ресторан, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.
 
03.јануари (среда)                    РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Слободно времее за индивидуални активности и прошетки, или факултативна посета на паркот Tиволи. Прекрасната “Villa D’Este” и нејзината градина, се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Можност за попладневна прошетка и посета на црквите низ Рим (со метро): катедралната црква посветена на Св. Павле, црквите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, Сан Пјетро ин Винколи, како и црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил. Ноќевање.
 
04.Јануари (четврток) РИМ  – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно утро за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот во Рим во 12:30чЛет за Скопје W6 7758 во 15:30ч. Пристигнување во Скопје во 17:05 часот.

 Цена на аранжманот:              449 €     (27.840 мкд)
Цена во претпродажба:           399 €     (24.740 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:          
– Авионски превоз: СкопјеРимСкопје
– Аеродромските такси во Скопје и Рим
– Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел ***, на база 4 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Рим со водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Eдно парче рачен багаж со максимум димензии од 55x40x23 сантиметри и максимум тежина од 10 килограми
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факулативен излет до Неапол и Соренто: превоз и водич (90 €)
– Посета на Ватикан: резервација, превоз со метро, водич, слушалки и влезница (45 €)*резервација и уплата при продажба
– Посета на паркот Тиволи: превоз, водич и влезница (55 €)
– Патничко, здравствено осигурување (226 мкд)
– Туристичка такса на градот Рим: хотел 4* (6€), хотел 3* (4€) по лице од ден, се наплатува на рецепција
– Едно парче чекиран багаж од 1650мкд по правец
Напомени:      
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници

Нова Година во Кушадаси

29.декември (петок)   СКОПЈЕ – КУШАДАСИ  
Поаѓање за Кушадаси преку Истанбул од скопскиот аеродром со лет ТК1004 во 08:55, пристигнување во Истанбул во 12:30ч. Лет за Измир ТК2326 во 15:00ч од Истанбул. Пристигнување во Измир во 16:10ч. Обезбеден трансфер до хотел со доплата.
 
30.декември (сабота)   КУШАДАСИ – ЕФЕС – СЕЛЏУК
Појадок. Организирана посета на Ефес (еден од најбогатите археолошки локалитети од античкиот период), куќата на Св.Богородица (во која ги минува последните години од својот живот), како и црквата и гробот на Св.Јован апостол, во Селџук. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.
31.декември (недела)  КУШАДАСИ – ПАМУК КАЛЕ
Појадок. Слободен ден или можност за факултативен излет до природниот локалитет Памук Кале (минералните водопади, кои ги формирале специфичните бели скалести карпи). Попладнето, враќање во Кушадаси. Навечер, организирана Новогодишна вечера со уметничка програма во хотел. Ноќевање.
01.Јануари (понеделник) / 02. Јануари (вторник)   КУШАДАСИ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободни време за ндивидуални активности. После ручекот обезбеден трансфер до аеродромот во Измир со доплата. Лет за Скопје преку Истанбул. Лет ТК2327 во 17:05ч, пристигнување во Истанбул во 18:25ч. Лет за Скопје во 20:15ч, пристигнување во 19:45 часот.


Цените се дадени за период, по лице за сместување во соба по избор од табелата.
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).
Попустите за деца и трето лице важат при сместување во соба со 2 возрасни лица.

Во цената не е вклучено:
Цена по лице на повратен авио билет со Turkish Airlines: (од 195 €)
Цена по лице за повратен трансфер од аеродром-хотел-аеродром во Измир (33 €)

Цена на излети:
– Факултативен излет до Памук Кале (40 €)
– Факултативен излет Ефес и Селџук (40 €)НАПОМЕНИ:
-> Во хотелите со услуга полупансион (HB) во кои е вклучена Свечена вечера, на 31.12.2017 не се послужува пансионска вечера.

Avionski Aranzmani